Добивај вести на Viber
„General Motors Co.“ (GM), во вториот квартал од годинава продал повеќе автомобили од „Toyota Motor Corp.“ со што повторно стана лидер во индустријата во продажба.
Групацијата „Toyota“ продаде 2.48 милиони автомобили во текот на вториот квартал, додека продажбата на американскиот гигант со седиште во Детроит изнесува 2.49 милиони возила. „Toyota“ продолжува и натаму да е пред „Volkswagen AG“, која има продадено 2,39 милиони возила во изминатите три месеци.
Подемот на „GM“ до првото место дојде оваа недела кога компанија и нејзиниот конкурент „Ford Motor Co.“ ги објавија добивките, а со кои ги надминаа и очекувањата на аналитичарите.
Продажбата на „Toyota“ се намалува поради нејзината зависност од локалниот пазар, каде што побарувачката се повеќе опаѓа, бидејќи Јапонците избираат да се возат со метро наместо со автомобил. Продажбата на „Toyota“ во првите шест месеци од годинава забележи пад од 1.2 проценти или продадени 4.91 милиони автомобили. „GM“ има продадено 4.85 милиони автомобили, а „Volkswagen“ 4.7 милиони.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.