25 Ноември, 2024
0.0359

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Објавено во: Финансии 18 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, податоците за инфлацијата во САД и предупредувањата за некои ризици кои би можеле негативно да влијаат врз глобалниот економски раст на краток и на среден рок, се факторите што предизвикаа пад на пазарите кон крајот на минатата недела.

Во март, американската инфлација седми пат по ред беше повисока од прогнозите на економистите, а во исто време и повисока во однос на претходниот месец. Цените пораснаа за 3,5%. Но, повеќе од општата инфлација, за која се очекуваше успорување на темпото на пад, кај американските централни банкари и инвеститорите на финансиските пазари нервоза предизвика базичната инфлација или т.н. супер базична инфлација. Покрај движењето на нестабилните цени на храната и енергијата, супербазичната инфлација која е лишена од влијанието на животните трошоци и на тој начин уште повеќе ги одразува основните инфлациски притисоци во економијата. Ако ги погледнеме последните три нивоа на супербазичната инфлација и ги претвориме на годишно ниво, ќе добиеме бројка од околу 8%. Затоа, инфлацијата во САД останува многу поупорна отколку што беше предвидено пред неколку месеци. Ова го намалува бројот на намалувања на каматните стапки, и го зголемува бараниот принос на американските обврзници и следствено ја прави берзата помалку привлечна.

Ако во последните недели на финансиските пазари сè се вртеше околу податоците за инфлацијата и централните банки, сега во фокусот на инвеститорите е сезоната на објавување на кварталните резултати, која во петокот ја отворија американските банки предводени од најголемата, JP Morgan. Првиот човек, Jamie Dimon по објавувањето на резултатите дополнително ги дестабилизира пазарите со малку попесимистички ставови за економската состојба и пред се неизвесната геополитичка состојба. Тој привлече внимание со последиците од евентуалните дополнителни поскапувања на енергетските производи, што би донело дополнително ескалирање на ситуацијата на Блискиот Исток. Реакциите на саботниот ирански напад врз Израел, исто така, ја одразуваа загриженоста за понатамошната ескалација на тензиите, по што лидерите од различни страни брзо повикаа на воздржаност и смирување на ситуацијата.

Од Европската централна банка, покрај тврдоглавата инфлација во САД, најавија дека повеќе ќе се фокусираат на домашните податоци отколку на потезите на ФЕД и ситуацијата од другата страна на Атлантикот. Во Европа, со исклучок на поединечни земји, инфлацијата е многу поблиску до целните вредности. Веројатноста дека каматната стапка на еврото ќе биде намалена пред летото останува значителна. Разликата меѓу изгледите за каматните стапки во САД и Европа доведе до пад на еврото, кое на крајот на неделата вредеше помалку од 1,07 американски долари. Падот на еврото го ублажи падот на американските акции за европските инвеститори, но ќе ги зголеми сметките на европските извозници. Но, падот на вредноста на еврото останува меч со две острици, бидејќи наскоро можеме да очекуваме поплаки од САД за потценетото евро и нелојалната валутна конкуренција за американската економија.

За разлика од западните економии, инфлацијата во Кина останува премногу ниска. Растот на цените, мерено преку CPI, во март изнесуваше 0,1%, што укажува на тоа дека потрошувачката, а со тоа и економскиот раст остануваат во контракција. Вредноста на најголемите пазари во развој остануваат многу ниски. Сè повеќе кинески компании кои котираат на берзата го користат ова за да ги откупат сопствените акции, што укажува дека компаниите веруваат во позитивен пресврт на берзите.

Со високи цифри на инфлација во САД, вредностите на инвестициските класи, кои се сметаат како складиште на вредност или штит од инфлација, нагло пораснаа во последните недели. Цената на златото порасна за речиси 10% за нешто повеќе од три недели и се тргува на рекордно високо ниво, додека среброто поскапе за 15% во истиот период. Најголемите криптовалути исто така држат блиску до рекордни вредности. Од друга страна, инфлацијата е помалку корисна за обврзниците. Бараниот принос на американската 10-годишна обврзница (обратно пропорционален на цената) повторно се искачи над 4,5%. Поради претходно споменатата неусогласеност меѓу податоците во Европа и САД, зголемен е јазот меѓу приносите на најследените европски и американски обврзници.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Централните банки продолжуваат да ги држат пазарите во неизвесност и се грижат очекувањата да не бидат премногу високи. Намалувањата на каматните стапки се оддалечуваат бидејќи економскиот раст останува стабилен, но нерамномерно распределен. Инфлацијата останува упорна. Се ближи објавата на резултатите за првиот квартал, кои се очекуваат да бидат добри и може да ги придвижат берзите за степен нагоре. Пред се, технолошките мегатрендови се магнетот што ги привлекува инвеститорите на берзата.

Пазарите на капитал ќе бидат под поголемо влијание на претстојните претседателски избори во САД. Конкретно Трамп веќе ја вознемирува јавноста надвор од САД со своите најави за значително поизолационистичка политика и нови трговски ограничувања, особено во односите со Европа. Сите три работи, политиката на централната банка, претстојните избори и слабиот економски раст во некои региони носат неизвесна прва половина од годината на пазарите на капитал, што ќе можат да ја искористат инвеститорите кои знаат и умеат да гледаат надвор од краткорочните флуктуации. Долгорочните технолошки, економски и социјални трендови остануваат клучни.

Глобално диверзифицирано портфолио со комбинација од акциски и комбиниран фонд како што е Генерали Америка и Генерали Топ Брендови и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, е најдобриот одговор на предизвиците што ги носи 2024 година. Комбинацијата на вложувања во обврзници и акции во моментов ја претставува вистинската комбинација на принос и безбедност. Одржуваме диверзифициран пристап со периодични зголемувања на инвестициите. Низ историјата, ова се покажа како најдобриот пристап, бидејќи го избегнува ризикот од купување на инвестицијата на врвот.

Здравството останува поволно вреднувано, а во исто време се поврзува со некои добри приказни, како што е влез на вештачката интелигенција во здравството и лекот за дебелина. Технолошките акции, особено на големите светски компании, остануваат високо вреднувани и се почесто го слушаме зборот меур. Технологијата претставува натпросечен раст во структурата на целиот пазар и на тој начин ја одржува инвестициската атрактивност, додека во исто време вреднувањата не се на нивоата што ги видовме во минатите меури. Околу фондот Генерали БРИК, одржуваме шпекулативна препорака за купување бидејќи сè уште веруваме дека кинеската централна влада ќе биде принудена да направи многу повеќе за да ги смени лошите економски трендови и пазарот брзо и силно ќе реагира на оваа вест. Последните движења покажуваат дека дека сме во процес на формирање на дното бидејќи макроекономските податоци донекаде се подобруваат, иско како и довербата на потрошувачите. Овој процес може да потрае со месеци, а како што се приближуваат изборите во САД, нестабилноста веројатно ќе се зголеми, но исто така се зголемува и можноста кинеските креатори на политиката конечно да направат некои проекономски потези.

ПР Објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен