27 Ноември, 2024
0.3178

Генерали Инвестментс: Нормализирање на инфлацијата дури во 2026 година?

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.

Берзите под притисок на настаните од Блискиот Исток

Трагичната војна на Блискиот Исток остави белег и на светските берзи, но превирањата на пазарите беа неспоредливи со оние од февруари минатата година, кога започна војната во Украина. Како и обично, кога станува збор за геостратешки тензии и конфликти на Блискиот Исток, нестабилноста најмногу се зголеми на енергетските пазари. По прилично значајната корекција од почетокот на претходната недела, берзанската цена на нафтата само во петокот скокна за 5% и повторно се приближи до вредноста од 90 долари за барел. Друга карактеристична реакција на пазарите на геостратешките шокови е бегството на капиталот во безбедни засолништа, што главно се однесува на државните обврзници, американскиот долар и благородни метали – вредностите на сите три се зголемија минатата недела. Најследените берзански индекси, со успорување на растот на приносите на обврзниците, забележаа мала добивка минатата недела. Војната влијаеше и на односите меѓу поединечните индустрии, најмногу добија цените на акциите на компаниите од одбранбената индустрија и акциите на енергијата, додека авиокомпаниите загубија.

Последниот чекор за скротување на инфлацијата е најтежок

Новите податоци за инфлацијата во САД за септември покажаа дека цените пораснале за 3,7% на годишно ниво, мерено со CPI. Ова е трет месец по ред како инфлацијата во САД не се намалува (индексот на CPI исто така беше 3,7% во август). За годишниот пораст на цените најмногу придонесоа трошоците за домување и енергетските производи, додека растот на цените на храната е умерен. Така, се остваруваат предвидувањата дека последниот чекор за смирување на инфлацијата ќе биде најтежок. Тоа го потврдуваат и очекувањата на претставниците на ФЕД, кои не ја гледаат целната инфлација од 2% до 2026 година. Охрабрувачки старт на сезоната на објавување квартални резултати имаа најголемите американски банки – Citigroup, Wells Fargo и JPMorgan Chase, кои ги надмина прогнозите на аналитичарите и во однос на приходите и во однос на нето добивката. Аналитичарите прогнозираат дека растот на годишната заработка меѓу компаниите во рамките на S&P 500 ќе биде благо позитивен во третиот квартал, завршувајќи ја серијата од три последователни квартали на пад. Заедно со останатите најголеми американски банки, оваа недела ќе биде интересно да се следат резултатите на некои други големи американски компании како Tesla, Procter&Gamble, Netflix и Lockheed Martin.

Повисоките цени на нафтата би можеле да влијаат на понатамошните потези на централните банки

Европскиот берзански индекс STOXX 600 ја прекина низата од три последователни негативни недели. Бараните приноси (обратно пропорционални на движењето на цената) на европските државни обврзници се намалија по заострувањето на ситуацијата на Блискиот Исток, а податоците за постојаната инфлација во САД спречија уште поголем пад. Извештајот за септемвриската сесија на Европската централна банка открива дека претставниците на ЕЦБ со солидно мнозинство го поддржале зголемувањето на основната каматна стапка на рекордно ниво во еврозоната. Суспендирањето на зголемувањето на клучните каматни стапки на следната, ноемвриска седница, изгледа горе-долу веќе решено, додека на маса останува зголемувањето на декемвриската седница. Треба да се додаде дека, според ЕЦБ, ризиците на енергетските пазари се зголемени по состанокот во септември, што може дополнително да ги искомплицира понатамошните одлуки за нивото на каматните стапки. Најновите проекции на ЕЦБ за следната година се базираат на претпоставката дека просечната цена на нафтата ќе биде 82 долари за барел, повисоките цени би значеле дополнителен притисок врз инфлацијата. Во Чешка и Унгарија, каде што се соочија со уште повисока инфлација од земјите-членки на еврозоната, растот на цените значително успори во септември. Унгарија минатата недела објави дека годишната инфлација се намалила од 16,4% во август на 12,2%, а во Чешка од 8,5% на 6,9%.

Индија го презема растот на пазарите во развој

После т.н празници на Златната недела, кинеската берза се отвори минатата недела. Прилично измешаните економски податоци никако не ги убедуваат инвеститорите. Локалните кинески инвеститори остануваат многу внимателни, додека глобалните инвеститори се повеќе го менуваат својот долгорочен поглед кон Кина. Тие веќе не ја гледаат како двигател на растот, туку како економски пациент. Затоа, жезолот на растот на пазарите во развој сè повеќе го презема Индија, која успеа да ја задржи економската активност на завидно високо ниво во последните неколку години со паметна економска политика и добар одговор на Ковид. Кина се повеќе станува глобален извозник на дефлација, бидејќи вкупната инфлација во Кина порасна за 0,1% во септември, но останува значително пониска од другите места, додека индексот на цените на производителите останува негативен на 2,5%, што значи дека европските и американските компании купуваат стоки поевтино.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Зголемувањето на каматните стапки главно заврши, а централните банки останува главен фактор на пазарите на капитал. Инфлацијата се смирува, но централните банки сметаат дека падот кон 2% е премногу бавен, па затоа се подготвени за дополнителни мерки. Пазарот на труд останува силен, а глобалната економија расте. Меко приземјување е основното сценарио, иако стравувањата од стагфлација повторно се зголемуваат. Инвеститорите и понатаму очекуваат пресврт на каматната политика, што централните банки ќе ја туркаат до средината на 2024 година, која следствено претставува ризик за пазарите. Глобалните и американските технолошки акции се скапи и ова е главната причина зошто остануваме внимателни со инвестициите во акции. Инвестициите во обврзници, главно поради врвот во циклусот на зголемување на каматните стапки и придвижувањето кон област каде приносите на обврзниците ќе бидат повисоки од инфлацијата, добиваат на привлечност. Неопходно е да се задржи долгорочен пристап со периодично зголемување на инвестициите. Глобалното диверзифицирано портфолио со комбинација од акциски фондови како што Генерали Топ БрендовиГенерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, го нуди најдобриот одговор на зголемените вреднувања од една страна и забавувањето на глобалната економија од друга страна. Здравствениот сектор е поволно вреднуван, а во исто време се појавуваат некои добри приказни, како што е влез на вештачката интелигенција во здравството и лекот за дебелината. Иако технолошките акции се високо вреднувани, тие претставуваат остров на раст и со тоа остануваат привлечни за инвеститорите во оваа средина на успорување на глобалниот раст. Кинеските акции остануваат шпекулативно атрактивни, но големиот пакет помош и реформи изгледаат како се понеостварлива цел, па се поставува прашањето дали да се држиме до таква шпекулативна инвестиција или дали би било подобро да се префрлат средствата на друго место.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд