27 Ноември, 2024
0.0376

Генерали Инвестментс: Прво намалување на каматните стапки во САД се очекува во јули 2024?

Објавено во: Економија 27 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.

Индексот на волатилност скокна за 25%

Централните банки повторно беа многу активни минатата недела. Состанокот на ФЕД беше под лупа на јавноста и инвеститорите, каде по долго време барем донекаде ја разбранува берзата. Иако индексот на волатилност VIX пред две недели го достигна најниското ниво за три години, по состанокот на ФЕД скокна за 25%. Поголеми движења на берзите имаше главно во средата и четвртокот, кога пазарите негативно реагираа на најавите на американската централна банка.

ФЕД не го исклучува натамошното зголемување на основната каматна стапка

Американскиот ФЕД овојпат не ги промени каматните стапки, што беше во согласност со очекувањата на пазарот. Многу понеочекувано, гувернерот на ФЕД Пауел предупреди на конференцијата дека се уште се можни дополнителни зголемувања, а пазарите, потрошувачите и економијата мора да се подготват за опстојување со повисоки каматни стапки подолго време. Ова е повеќе од јасно рефлектирано во ажурираниот графикон на ФЕД, кој ги собира прогнозите за тоа каде членовите на Комитетот за отворен пазар на Федералните резерви (FOMC) ги гледаат клучните каматни стапки во наредниот период. Централната проценка за годинава е 5,6%, што значи уште еден пораст до крајот на годината. Како што очекуваа американските централни банкари, првото намалување на основната каматна стапка е одложено за јули следната година. За 2025 година предвидуваат основната каматна стапка да биде 3,9% (3,4% според прелиминарната проценка). Во согласност со солидните економски податоци во САД, ФЕД благо ги зголеми прогнозите за економски раст.

Реакциите на пазарот за заострените ставови на ФЕД се сè поблаги

Пазарните вреднувања се приспособени на променетите очекувања во однос на монетарната политика. S&P 500 изгуби околу 3% по сесијата. Но, во американската централна банка неколку пати оваа година ги заострија своите позиции или прогнози. Тогаш видовме слична реакција на пазарите со корекција од неколку проценти, која потоа брзо ја искористија берзанските бикови за поевтини набавки. Се чини дека дури и оваа сесија нема да донесе голем пресврт во трендот. Прилагодувањето на економијата кон построга монетарна политика се одвива помалку болно отколку што се очекуваше пред една година, кога берзанските индекси го достигнаа локалното дно.

Инфлацијата е главно превисока надвор од еврозоната

И покрај тоа што претседателката на европската централна банка, Лагард, минатата недела објави дека завршуваат покачувањата на каматите во ЕЦБ, по состанокот на американската централна банка, негативното расположение се префрли и на европската берза, па како и американската, изгуби меѓу 2% и 3%.

Во швајцарската централна банка клучните каматни стапки останаа непроменети на 1,75%. Вкупната инфлација во Швајцарија беше 1,6% во август, многу пониска отколку на другите места на Запад. Истиот потег го направи и Банката на Англија, но инфлацијата во Велика Британија беше висока 6,7% во август, а основната каматна стапка е 5,25%. Во Шведска, инфлацијата е нешто потврдоглава. Годишниот раст на цените во август беше 7,5%, а тамошната централна банка минатата недела ги зголеми каматните стапки на 4%. Ако ги сумираме впечатоците од неодамнешните состаноци на различни светски централни банки, каматните стапки, според креаторите на монетарната политика, се блиску до неопходните нивоа за ублажување на инфлацијата. Но, истовремено најавуваат и дека се уште не е дојдено времето за размислување за олабавување на монетарната политика. Можеме да додадеме и дека економијата и потрошувачите се уште не се целосно прилагодени на новите повисоки каматни стапки.

Јапонската централна банка (BoJ) се држи до негативна каматна стапка

Сепак, по свој пат тргна јапонската централна банка, BoJ, која е единствена во светот која инсистира на ултра ниски каматни стапки. Олабавувањето на опсегот на движења на приносите на долгорочните јапонски државни обврзници и некои други показатели во изминатите недели и месеци покажаа дека јапонската централна банка би можела барем малку да ја заостри значително лабавата монетарна политика, но тоа нема да се оствари, барем засега. Минатата недела BoJ ги задржа клучните каматни стапки на -0,1% и покрај инфлацијата од 3,2%. Како резултат на тоа, јапонскиот јен се лизна малку повеќе и загуби 12% во однос на доларот оваа година.

Кинеската економија покажува мали знаци на закрепнување

Не видовме значителни промени на пазарите во развој минатата недела. Проблемите со недвижностите во Кина продолжуваат. Тоа ја инхибира активноста на целата економија, која сепак покажува одредени знаци на благо закрепнување. Но, според еден куп европски компании кои присуствуваа на финансиската конференција во Германија минатата недела, има уште долг пат пред да се забрза растот. Според нив, забавувањето е ублажено, но во исто време, нема знаци за прекумерно заживување на лока лната економија.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Зголемувањето на каматите главно заврши. Но, политиките на централната банка остануваат главен фактор на пазарите на капитал. Инфлацијата се смирува, но централните банки сметаат дека падот е премногу бавен, па затоа се подготвени за дополнителни мерки. Пазарот на труд останува силен, а глобалната економија останува на територијата на раст. Мекото приземјување е основно сценарио. Инвеститорите и понатаму очекуваат пресврт на каматната политика, што централните банки ќе ја туркаат до средината на 2024 година, која следствено претставува ризик за пазарите. Глобалните и американските технолошки акции се скапи и ова е главната причина зошто остануваме внимателни со инвестициите во акции. Инвестициите во обврзници добиваат на привлечност, главно поради врвот во циклусот на зголемувања на каматните стапки. Неопходно е да се задржи долгорочен пристап со периодично зголемување на инвестициите. Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател за одржување и зајакнување на заштедите. Глобалното диверзифицирано портфолио со комбинација од акциски фондови како што Генерали Топ Брендови, Генерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, го нуди најдобриот одговор на зголемените вреднувања од една страна и забавувањето на глобалната економија од друга страна.  Здравствениот сектор е поволно вреднуван, а во исто време се појавуваат некои добри приказни, како што е влез на вештачката интелигенција во здравството и лекот за дебелината. Американските акции во моментот изгледаат ранливи поради поголемиот удел на технолошките акции и минатиот раст, така што во овој момент има смисла да се префрли некој денар од профитот од технологијата или американските акции на други, помалку ризични инвестиции. Но, во случај на можна корекција на девизните курсеви, тука ќе се појави можност за купување, бидејќи основната можност останува непроменета поради развојот на технологијата и вештачката интелигенција. Кинеските акции остануваат шпекулативно атрактивни, но големиот пакет помош и реформи изгледаат како се понеостварлива цел, па се поставува прашањето дали да се држиме до таква шпекулативна инвестиција или дали би било подобро да се префрлат средствата на друго место.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции