25 Ноември, 2024
0.0297

Генерали Инвестментс советува: Инвестирањето во акции од нафтената индустрија и воздухопловството само за добрите познавачи

Објавено во: Мои пари 27 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

– Мерките преземени како одговор на пандемијата во Европа и САД забрзано се повлекуваат и се заменуваат со мерки за унапредување на најпогодените делови од економиите. Епидемијата сега го достигнува својот врв во Русија и Латинска Америка, но овие пазари немаат големо влијание врз оптимизмот во Европа и САД. Во Европа, предлогот за нов фонд од 500 милијарди евра за помош на компаниите во земјите кои се најпогодени од  COVID-19 се соочи со очекувано спротивставување од страна на некои  „скромни“ европски земји. Најголемиот проблем во Европа, донесувањето на одлуки бавно и кој одзема многу време повторно излегува на виделина. Новиот фонд е јасно насочен пред се кон Италија и Шпанија, иако помошта ќе биде силно поврзана со поедноставно преструктуирање на економиите, што станува главна цел на „повоената“економска политика. Од другата страна на Атлантикот, САД повторно ја засилува негативната реторика во однос на Кина, најкомплицирана во моментот е листата на кинески компании кои котираат на американските берзи, што воведува нов немир кај инвеститорите дека трговската војна ќе ескалира понатаму во месеците што водат до изборите. Европските проблеми со фондот и новите компликации со трговската војна ги потсетуваат инвеститорите дека сите нерешени проблеми од времето пред пандемијата остануваат на маса, тие само привремено се туркаа настрана поради здравствената криза. Овие проблеми повеќе од очигледно не се решени сами по себе. Во Кина, за која велиме дека е два месеци пред Европа и дополнителен месец пред САД и Велика Британија, закрепнувањето продолжува. Индустријата и дел од услужниот сектор се опоравуваат брзо, а од друга страна, постои голема претпазливост во услугите каде што се присутни поголем број луѓе (туризам, угостителство, воздухопловство и сл.). Слично темпо на закрепнување во Европа и САД би бил многу позитивен знак, иако оваа година сериозно ќе бидат погодени јужните земји, заради намалениот обем на услужни активности (особено туризмот).

– Повеќето компании веќе ги објавија своите активности во првиот квартал. Резултатите беа релативно солидни во целост и претежно над очекувањата, иако делот кои ги надминуваат очекувањата се најниски од финансиската криза 2008-09 година.  Негативен дел од објавувањето на резултатите беа намалените очекувања за вториот квартал и повлекувањето на предвидувањата за остатокот од годината.  Од индустриите здравствената, прехранбената индустрија и другите производи за широка потрошувачка и нега како и ИТ индустријата работат одлично. Банките очекуваат да се справат со нефункционалните кредити, а туризмот, автомобилската, воздухопловната индустрија и многу други компании размислуваат како да преживеат и бараат државна помош.  Гледаме зајакнување на онлајн продажбата и позитивни изненадувања за практично сите онлајн трговци. Во последната недела кинеските ИТ компании објавија значително подобрени деловни резултати, што во ситуација на затегнување на условите за котација на кинеските компании во САД, беа поблаги, па реакцијата на инвеститорите беше негативна. Победници во кризата се компаниите од здравството, бидејќи сите бележат многу поголем раст од очекуваниот и нивната иднина изгледа оптимистично.

– Пазарите на капитал се држат исклучително добро. Голем дел од заслугите се припишуваат на големата ликвидносна помош од страна на централните банки во последните неколку недели која продолжува да се нуди на пазарите. Како резултат на тоа, вредноста на акциите на некои компании не само што ги надминаа оние од почетокот на годината, туку достигнаа и нови рекордни нивоа. Американскиот технолошки индекс NASDAQ е првиот најголем глобален индекс што забележа позитивен принос за оваа година. Според сите статистички критериуми, акциите повторно се скапи, особено ако се земе во предвид очекуваниот пад на профитот, но инвеститорите го насочија својот поглед кон иднината, не само кон 2021 година, туку и многу подалеку. Но, иако акциите се чинат скапи, не смееме да заборавиме дека обврзниците се уште поскапи, затоа што тие не нудат принос туку се само релативно безбеден паркинг за вишокот на пари. Ликвидноста на централните банки ги промени перцепциите за реалноста и целата оваа ликвидност сака да најде инвестиција што сепак ќе донесе барем минимален принос. Отворањето на економиите го зајакнува оптимизмот и самото тоа додава дополнителни пари во берзите. Ова се забележува особено последниве денови во Европа, која во однос на растот заостанува зад САД.

Совети за инвеститорите:

Иако акциите повторно изгледаат прилично скапи, моментално не е време за екстреми. Не е паметно целото портфолио да ви биде во акции, ниту пак во обврзници или депозити. Стара американска берзанска поговорка вели дека нема смисла да се борите со централните банки затоа што тие имаат неограничена сума пари. Ликвидната поддршка го форсира растот на цените на обврзниците и акциите и овој тренд може да продолжи. Од друга страна, состојбата на светската економија е слаба, а иднината е многу нејасна. Дополнителна неизвесност на пазарите се создава со обновувањето на трговски тензии меѓу САД и Кина. Затоа најмногу се препорачува балансиран пристап кон инвестициите, со поголем удел на индустриите кои подобро ќе ја издржат оваа криза. Пазарите остануваат непредвидливи. Старите нерешени прашања (трговска војна, Brexit, Иран итн.) се враќаат на маса, така што диверзификацијата на портфолиото е чекор кон вистинската насока. Инвестирањето во акции од нафтената индустрија, воздухопловството или компаниите кои нудат крстарења треба да останат само како потенцијален зачин на портфолиото, и најдобро е да им се остават на оние кои, всушност се запознаени добро со овие компании и имаат доволно информации за нивните тековни и идни активности.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“