Георгиевски: Иванов мора да го даде мандатот, а не да разгорува етнички страсти
Објавено во: Македонија 09 Март, 2017 16:09
Со коментар за актуелната политичка состојба се јави и екс премиерот Љубчо Георгиевски. Првиот човек на ВМРО народна партија вели дека Иванов мора да го даде мандатот на оној кој има мнозинство, а на својата екс партија и порачува да не ги руши мостовите спрема албанските политички партии.
Еве го ставот на Георгиевски:
„Платформата на албанските партии е негирање и дерогирање на Охридскиот рамковен договор. Приказната дека тој останал отворен и сега се довршуваат отворените пашања е лажна. Охридскиот договор е затворен и оверен од мегународната заедница. За жал и двете партии наместо да ја одбијат платформата како безпредметна и двете влегоа во суштинска дебата и така и дадоа легимитет, прво ВМРО-ДПМНЕ а потоа и СДСМ без задршка.
-Претседателот Иванов по втор пат го погазува Уставот на Македонија, македонската и европската демократска пракса. Уставот е недвосмислено јасен, тој мора да го даде мандатот на оние партии кои обезбедиле мнозинство. Во спротивно тој ризикува да ја воведе Македонија во меѓународна изолација, да ги запали етничките страсти и да ја суспендира демократијата.
-Доколку новата влада на СДСМ носи непринципиелни и неуставни закони постои Уставен суд кој ќе ги поништува истите, а народот веќе во мај на локалните избори со историски пораз ќе ги казни.
-ВМРО-ДПМНЕ не смее да ги сруши сите мостови према албанските политички партии, не смее да стане непријател на земјите од евроатланската заедница. Не смее да си игра со стабилноста и безбедноста на земјата. По никоја цена не треба да ги одложува локалните избори, бидејќи има шанса за голем триумф како прв чекор кон новото демократско враќање на власт“.
Фејсбук статус на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




