18 Декември, 2025
0.0466

Георгиевски: Не знаев дека Трајковски има судење

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2018 14:35

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, се јави со допис во јавноста, откако медиумите ја пренесоа информацијата дека му дозволил службено да патува на вработениот во истата општина Александар Трајковски истовремено кога како обвинет треба да се јави на судското рочиште за случајот на СЈО „Насилство во Центар“

По прозивката на обвинителката Фатиме Фетаи, со реакција се јави Георгиевски, кој вели дека нема надлежност да знае кој граѓанин има судски рочишта.

Фетаи дури и искажа стравување дека поради вакви „опструкции“ случајот може да застере.

„Јас како градоначалник немам и не можам да имам информација кога одреден граѓанин има закажано рочиште на суд. Особено за некое лице кое не е ни вработено во општината Гази Баба.

Никогаш не сум имал, ниту некогаш ќе имам намера да заштитам некого. Секој оној кој извршил повреда на Законот и предизвикал кривично дело, треба за своите постапки да одговара пред судот. До сега, за овој случај никој не побарал било каква асистенција од мене, или пак информација околу неговото отсуство. Јас секогаш стојам на располагање согласно моите надлежности како градоначалник, за било каква асистенција или информација која би им била потребна на специјалното обвинителство или судот“, вели Георгиевски.

Александар Трајковски, кој е обвинет во случајот на СЈО за насилството во општина Центар е член на Советот на општина Гази Баба избран на последните локални избори на листата предложена од ВМРО-ДПМНЕ. Неговото присуство во Хрватска е токму по предлог на неговата советничка група.

„Покрај него во Хрватска се заминати и други седум советници од сите советнички групи, како и претставници од ЦУК и месните заедници, кои учествуваат на работилница за превенција од елементарни непогоди.“ додава тој.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“

Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации

Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации