16 Декември, 2025
0.1150

Герасимовски: Не сум потрошил денар пари на граѓаните

Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2025 13:17

Добивај вести на Viber

Кандидатот за нов градоначалнички мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, обвини дека против него се води црна кампања.

„Ги гледаат анкетите, ги гледаат резултатите од првиот круг и ние правиме анкети и против кандидатите ги знаат анкетите и се обидуваат на секој можен начин преку црни кампањи, преку омаловажување, преку притисоци, преку ширење на лаги да направат што подобар резултат во вториот круг. Таа работа во Центар и кај центарци не проаѓа. Излегоа против кандидатите без програма. Истата препишана целосно. Центарци се доволно мудри, центарци знаат да проценат, но знаат да донесат и правилна одлука. Јас сум сигурен дека и во вториот круг ќе ни ја дадат целосната поддршка и дека оваа предност ќе се зголеми дупло. Јас сум единствен градоначалник што нема потрошено ниту еден денар за непродуктивни трошоци. И тоа е добар пример како треба да ја менуваме перцепцијата кај граѓаните дека градоначалникот не треба да се перцепира како личност што седи во фотелјата и троши непродуктивни средства на граѓаните“, рече тој.


Денеска, тој најави проширување на капацитетите на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

„Со зголемувањето на бројот на ученици, потребата за дополнителен простор стана приоритет. Затоа ќе инвестираме во проширување на капацитетите на училиштето со изградба на нови училници,“ рече Герасимовски.

Во програмата се предвидува и промена на фасадната столарија и подовите, како и партерно и хортикултурно уредување на дворот на училиштето.

Дополнително, по промената на кровот на училиштето, реконструкцијата на отворените игралишта и тековната санација на покривот врз спортската сала, „Ј.Х. Песталоци“ ќе биде целосно реконструирано.

Тој вчера, во гостување на ТВ Сител, рече дека против него се користи црна кампања со омаловажување.




Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“