Германците загрижени за состојбата во Франција
Објавено во: Свет 24 Јули, 2013
Рајнер Бридерле, искусниот политичар и поранешен министер кој е на чело на изборниот штаб на германските Либерали за претстојните парламентарни избори, за весникот „Ханделсблат“ изјави дека одлуката на француската влада да ги зголеми даноците е „фундаментално погрешна“.
„Јас сум многу загрижен за Франција. Кризата во другите земји можеше да се поднесе, но доколку Франција не застане на нозе, тоа ќе биде трагично... Ние не можеме да управуваме без Франција“, рече Бридерле, кој е поранешен министер за економија во владата на Ангела Меркел, а неговата партија е дел од владејачката коалиција.
Франција е под притисок од своите соседи во еврозоната да ги исполни ветувањата за реформи со кои треба да се зголеми нејзината конкурентност и да се намалат трошоците, а социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд вети дека ќе го реформира и задолжениот пензиски систем, објави „Дојче Веле“.
Втората по големина економија во еврозоната се наоѓа во рецесија од првиот квартал годинава и го загуби својот висок рејтинг, тројно А, кај рејтинг агенциите, што се смета за особено тежок удар за обидите на Оланд да ја живне економијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.