Добивај вести на Viber
Cо цел да се справи со недостигот на работна сила што се должи на стареењето на населението, најголемата економија во Европа, Германија, денеска за прв пат објави список на работни места за работници кои не се од Европската унија.
Во огласот, како што пренесува АФП, се бараат медицински сестри и негуватели за стари лица, експерти во областа на роботиката, електричари и машиновозачи. Луѓето кои сакаат да аплицираат за работните места, треба да ги презентираат квалификациите кои ги сметаат за подеднакви на оние во Германија.
„Потребни ни се квалификувани имигранти за да се обезбеди долгорочна благосостојба на Германија” - изјави министерот за труд, Урсула фон дер Лејен.
Новата иницијатива ќе ги олесни формалностите и ќе се намали бирократијата, откако ЕУ ја лансираше “сината карта”, која треба на високо образованите имигранти во ЕУ и на нивните семејства, да им гарантира социјални права како граѓани на Унијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.