27 Ноември, 2024
0.0343

Германија нуди поволности за компаниите кои ќе инвестираат во Македонија и Западен Балкан

Објавено во: Економија 24 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Германската влада спроведе мерки со кои им е полесно и поевтино на германските компании да инвестираат во 34 земји, меѓу кои и оние од Западен Балкан, вклучувајќи ја тука и Македонија.

Гаранциите за инвестиции се приоритетни за германската надворешна трговска политика. Ако германска компанија инвестира во земја во развој или таканаречена земја во брзо развој, може да аплицира за осигурување на инвестиции од сојузната влада.

Во случај компанијата да мора да откаже инвестиција поради конфискација, војна или прекршување на законите од страна на владата на предметната странска земја, германската влада ќе надомести поголем дел од загубата. На пример: во првата половина на 2023 година, германската влада со своето осигурување гарантираше околу 30 милијарди евра инвестиции.

Но, ова осигурување е поврзано со одредени трошоци, често во милиони, за самата компанија која сака да инвестира - како во форма на даноци, бирократија, така и во случај навистина да се случи нарушување.

Значи, важната вест е дека германската влада на почетокот на неделата одлучи да ги подобри условите за гаранции за инвестиции за германската економија во одредени земји и да ги преполови трошоците за гаранцијата за самите компании-инвеститори. На сите континенти има 34 земји за кои условите се подобруваат. Кога станува збор за Европа, тука се рангирани Турција и земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија.

Одлуката е дел од стратегијата на германската влада за диверзификација , која има за цел да ја намали големата зависност од неколку пазари и критични јазли во синџирите на снабдување. Подобрените услови имаат за цел да ги поттикнат компаниите да инвестираат на пазари каде што моментално се недоволно активни. 

„Со новиот позитивен стимул, посилно ја поддржуваме германската економија во важната диверзификација за поголема отпорност на кризи“, изјави државниот секретар за економија Франциска Брантнер за весникот Handelsblat. „Избравме земји кои се сигурни надворешно трговски партнери и политички стабилни“, додаде тој за германскиот весник.

Инвеститорите во 34-те моментално привилегирани земји, вклучително и Македонија, можат да имаат дополнителни поволности - доколку инвестираат во зелената економија, односно во таканаречените зелени технологии.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд