ГЕРМАНИЈА ПОВЕЌЕ НЕ ГИ САКА РАБОТНИЦИТЕ ОД БАЛКАНОТ: Корона вирусот го запре приливот на работна сила
Објавено во: Економија 17 Мај, 2020 08:30
Германските власти треба да го
разгледаат продолжувањето на таканареченото „балканско правило“ за доведување
на нискоквалификувана работна сила од земјите од Западен Балкан, но поради
епидемијата на корона вирусот, по ова прашање дојде до конфликт во владејачката
коалиција.
Можноста за носење на работници од Западен Балкан е ограничена до крајот на годинава, но беше планирано да се продолжи, што сега го оспоруваат политичарите од редовите на партијата на Меркел.
Политичарите го поставија прашањето дали Германија и понатаму може да прифаќа десетици илјади неквалификувани работници од Западен Балкан. Според, Феликс Паклепа од Сентралниот сојуз на греманското градежништво бер работниците од балканските земји, ќе дојде до големи проблеми во тој сектор. Истовремено, тој нагласува дека работниците од Западен Балкан имаат долгогодишно искуство, а токму таква стручна работна сила му недостасува на германскиот пазар на труд.
Но, сега во време на пандемијата, дојде до непоасакуван раст на евработеноста во Германија, па, како што нагласува портпаролот на владејачкиот блок, Матијас Мидлберг, не смее да се случи паушално продолжување на правилото за работниците од Балканот.
Крајната десница во Германија, АФД смета дека тоа е одличен став, а за разлика од неа, Социјалдемократите, коалицискиот партнер на ЦДУ/ЦСУ, инсистираат на продолжување на „балканското правило“.
Во текот на неделава, се очекува коалициските партнери да дефинираат дали и понатаму ќе биде отворен влезот за балканските работници во Германија.
Можеби ќе ве интересира
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри




