16 Април, 2024
0.0296

ГЕРМАНИЈА СО НАЈМАЛА СТАПКА НА СМРТНОСТ ОД ВИРУСОТ ВО ЕВРОПА: Која е тајната на германскиот здравствен систем?

Објавено во: Свет, Корона Вирус 23 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Релативно ниската стапка на смртност во Германија од коронавирусот и понатаму е голема енигма за здравствените експерти во период кога Ковид-19 со неверојатна брзина се шири во Европа. Мислењата се поделени. За некои е клучна методологијата на собирање податоци, а други пак тврдат дека високите стапки на тестирање во земјата овозможуваат ниска стапка на морталитет.

Во моментов, пандемијата во Германија има најсилен интензитет, а податоците од Универзитетот Џон Хопкинс покажуваат дека од вкупниот број, 24.492 инфицирано со вирусот, досега починале 94 луѓе. Тоа покажува дека Германија, со 0,3% во моментов има најниска стапка од 10-тте земји кои се најпогодени од пандемијата, во споредба со Италија каде има 9 % смртност и 4,6 % во Велика Британија.  

Според здравствените експерти, најмногу изненадува раликата со Италија, бидејќи двете земји имаат најголем процент на граѓани во Европа кои се постари од 65 години, а според здравствениот индекс на Блумберг, Италијанците имаат поздрав начин на живот од Германците. Ваквите податоци, кои за сега се во корист на Германија, безволно ги коментираат и политичарите во земјата и германските здравствени власти. Лотар Вилер, претседател на Институтот „Роберт Кох“, централното владино тело за јавно здравство, вели дека не очекува долгорочно да постои значајна разлика во стапката на морталитет меѓу Италија и Германија. Шефицата на Одделот за инфектологија на Универзитетскиот медицински центар во Хамбруг, Марлин Адо, вели дека предноста на Германија е во тоа што одделенијата за интензивна нега, за среќа не се преполни.

-Се уште е рано да се зборува дали Германија е подобро медицински опремена за пандемијата од коронавирусот во однос на другите земји, изјави д-р. Марлин Адо. Таа смета дека, причината за големата разлика во стапката на морталитет меѓу двете земји е дека во Италија болниците се преоптоварени со нови пациенти, што не е случај и во

-Едина од предностите е тоа што почнавме професионално да ги следиме контактите кога се пријавени првите случаи. Тоа ни купи малку време за да ги подготвиме нашите клиники за претстојната олуја. Тоа што е најважно е дека Германија почна да ги тестира дури и оние луѓе со многу благи симптоми релативно рано, па вкупниот број на потврдени случаи може да даде многу поконкретна слика на ширење на вирусот, отколку во другите држави, појаснува Адо.

Според податоците на германското Национално здружение за здравствено осигурување, земјата има капацитет за околу 12. 000 тестови за Ковид-19, дневно.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

СО ЧАСОВИ ЧЕКААТ ЗА ОБРОК: Гладот ги мачи Палестинците во Газа

СО ЧАСОВИ ЧЕКААТ ЗА ОБРОК: Гладот ги мачи Палестинците во Газа

ЛАВРОВ: Русија ќе ја поддржи воената акција на Иран против Израел

ЛАВРОВ: Русија ќе ја поддржи воената акција на Иран против Израел

(ВИДЕО) СЕ ТЕПАА ГРУЗИСКИ ПРАТЕНИЦИ: Законот за странски агенти создаде раскол

(ВИДЕО) СЕ ТЕПАА ГРУЗИСКИ ПРАТЕНИЦИ: Законот за странски агенти создаде раскол

МАКРОН, ШОЛЦ И КАМЕРОН СЕ ЗАГРИЖЕНИ: Го повикаа Израел да не ги ескалира односите со Иран

МАКРОН, ШОЛЦ И КАМЕРОН СЕ ЗАГРИЖЕНИ: Го повикаа Израел да не ги ескалира односите со Иран

ШТО ТОА ЗНАЕ ВУЧИЌ? „Се наѕираат огромни и темни облаци, доаѓа најтешкиот период од 1945 година“

ШТО ТОА ЗНАЕ ВУЧИЌ? „Се наѕираат огромни и темни облаци, доаѓа најтешкиот период од 1945 година“

СВЕШТЕНИК ИЗБОДЕН СРЕДЕ СЛУЖБА ВО УШТЕ ЕДНО КРВОПРОЛЕВАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Маж облечен во црно нападна луѓе во црква, драма се емитува ВО ЖИВО (ВИДЕО)

СВЕШТЕНИК ИЗБОДЕН СРЕДЕ СЛУЖБА ВО УШТЕ ЕДНО КРВОПРОЛЕВАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Маж облечен во црно нападна луѓе во црква, драма се емитува ВО ЖИВО (ВИДЕО)

„Најсиромашните земји стануваат уште посиромашни“: Светска банка алармира - нема развој, државите не можат да ги вратат кредитите

„Најсиромашните земји стануваат уште посиромашни“: Светска банка алармира - нема развој, државите не можат да ги вратат кредитите