Германија стартува со многу олеснувања за вакцинираните
Објавено во: Свет, Корона Вирус 04 Мај, 2021 19:31
Германија неделава воведува голем број олеснувања за вакцинираните граѓани.
Укинувањето на многу ограничувања на личните контакти, слободата на движење и обврската за тестирање на вакцинираните и оние кои го прележале коронавирусот.
Според германските медиуми, повикувајќи се на владини извори, ова може да помине низ собраниска процедура оваа недела.
Говорејќи во прилог на укинување на обврската за усогласување со некои антипандемиски мерки, како што се забрана за ноќни излегувања или задолжително тестирање и карантин по враќањето од странство, водечките политичари во владејачката коалиција последните денови нагласија дека не станува збор за привилегии, туку за враќање на основните граѓански права на оние кај кои веќе не постои опасност од ширење на заразата.
За одредбата треба официјално да реши владата на утрешната редовна конференција, а долниот и горниот дом на парламентот, Бундестагот и Бундесратот, би можеле да одлучат за тоа во четврток и петок.
Владата се повикува на сознанијата на државниот Институт за епидемиологија Роберт Кох, кој објави дека вакцинираните лица имаат помала веројатност да ја шират заразата отколку луѓето со негативен тест.
Досега се администрирани повеќе од 150 милиони дози на вакцините, а четвртина од Европејците примиле барем една доза од вакцината, објави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Вакцинацијата во Европа се забрзува.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





