ГЕРМАНИЈА ЗАБРАНИ ГУМИ КОИ СЕ МНОГУ ПОПУЛАРНИ КАЈ НАС: Ако ве фатат со нив, подгответе ги паричниците
Објавено во: Финансии 29 Октомври, 2024 07:20
Од 1 октомври, прописите за зимски гуми се променети во Германија, кои важат за сите патишта во зимски услови на возење.
Гумите со симболот M+S (буквата М значи „кал“ на англиски, а буквата С значи „снег“ на англиски, т.е. снег на српски) од првиот ден на октомври веќе немаат статус на зимски гуми и возењето со нив ќе биде казнето. Поради оваа причина, само конкретно зимските гуми и гуми за сите сезони со алпски симбол (планина со три врвови и снегулка) на страничниот ѕид ќе се сметаат за зимски.
Симболот M+S веќе е заменет со алпскиот симбол во 2018 година, но преодниот период завршува во септември 2024 година. Доколку имате гуми само со симболот M+S (и без алпски симбол), тие не смеат да се користат за претстојната зимска сезона во Германија.
Казната за користење (само) пневматици М+С е 60 евра, а во случај на сообраќајна несреќа се искачува на 120 евра, а прашање е колкава штета ќе покрие осигурувањето. Доколку дојде до несреќа поради недостиг на зимски гуми, можно е и автомобилското осигурување само делумно да ја плати премијата, посочуваат од ADAC.
Да потсетиме, во Македонија ова прашање е регулирано со Законот за безбедност во сообраќајот, според кој сте обврзани да ги имате сите четири зимски гуми со ознака M+S (MS, M-S или M&S) во периодот од 15 ноември до 15 март, а минималната дозволена длабочина на шарата е 1,60 mm.
Кај нас едни од попопуларните гуми се токму овие што се забранети во Германија. Познати се како гуми за сите четири сезони.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





