13 Ноември, 2025
0.0454

ГИ ИМАМЕ МНОГУ СО НАД ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА, А НЕКОИ БЛИЖАТ И ДО ЕДНА - еве колкава вредност достигнаа моќните македонски бизнис „капиталци“

Објавено во: Финансии 10 Јуни, 2024 08:20

Добивај вести на Viber

Месечниот берзански билтен секогаш е извор на интересни информации за домашниот бизнис. Кој е најбаран, кој е најтргуван, но и кој е највреден на домашната деловна сцена.

Освен податоците за тоа чии акции свртеле највисок промет, секогаш, на крајот на месецот, е интересно да видиме и колкава била пазарната капитализација на компаниите. Односно, колку тежат сите над 90-тина акционерски друштва што котираат на берзата, но и колку од оваа вредност отпаѓа на капиталциите, односно најмоќните и највредните акционерски друштва.

Фактор како и вообичаено прави анализа на пазарната капитализација на најтргуваните акции на берзата во мај. А таа, барем во поглед на главните играчи, но и во поглед на редоследот, не е многу поразлична од претходниот месец. Не треба веќе да појаснуваме дека пазарна капитализација е вредноста на една компанија доколку сите нејзини акции се продадат во исти момент, што значи дека таа е директно поврзана со моменталната цена на акциите на тоа акционерско друштво.

А, сите котирани компании заедно имале на крајот на мај пазарна капитализација од 4,27 милијарди евра и во однос на претходниот месец тоа е благо зголемување од нешто повеќе од половина процент, или за 0,57 отсто.

Но, она што е многу поинтересно, секако дека е колку е пазарната капитализација на пооделните акционерски друштва, односно колку тие тежеле според вредноста на акциите на крајот на мај годинава.

Повторно лидер е Комерцијална банка. Според пазарната капитализација таа се искачила на 673 милиони евра, или, толку некој би требало да плати доколку сака да ги купи одеднаш сите акции на нашата најголема банка. Како што веќе пишувавме, акциите на Комерцијална банка се меѓу најбараните и со најголем раст, а една од причините секако дека е и дисперзираната акционерска структура. Но, голема улога играат и високите дивиденди кои ги дели банката, како и одличните финансиски резултати.

Телекомуникацискиот гигант, „Македонски телеком“ држи чекор, а моќта на оваа компанија и успшешните резултати ја прават нејзината акција секогаш атрактивна и барана, и се разбира, со цена која оди по нагорна линија. На крајот на мај пазарната капитализација на Телеком била 655 милиони евра.

Не е новина дека банките се најатрактивни, па на третата позиција доаѓа уште една голема банка, односно НЛБ, чија акција исто така бележи постојан раст, а е и меѓу најтргуваните на домашниот пазар на капитал. НЛБ има на крајот на мај пазарна капитализација од близу 559 милиони евра.

Фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ е секогаш во врвот. Успешните резултати, стабилниот бизнис, но и иновативноста и инвестициите, прават оваа компанија да има акција која е многу вредна и барана од инвеститорите. Нејзината цена е скогаш во нагорен тренд, па тоа направи „Алкалоид“ на крајот на мај да има пазарна капитализацуија од близу половина милијарда евра, или прецизно 484 милиони евра.

Уште една голема и нашата најстара банка влезе во првата петорка според пазарна капитализација, а тоа е Стопанска банка Скопје. Нејзината акција е постојано во врвот, банката секогаш има одлични резултати и затоа е меѓу најбараните. На крајот на мај Стопанска банка Скопје имала пазарна капитализација од 446 милиони евра.

Следува нафтениот гигант „Макпетрол“, со над 143 милиони евра, а потоа доаѓа одличната и силна градежна компанија „Гранит“, чија акција е исто меѓу најтргуваните, и чија пазарна капитализација достигна речиси 68 милиони евра.

Одличната УНИ Банка стигна до пазарна капитализација од близу 62 милиони евра, а уште една солидна фармацевтска компанија „Реплек“ е на ниво од над 47 милиони евра доколку сите нејзини акции се продадат во исти ден. И, на десеттата позиција е уште една банка, ТТК, со пазарна капитализација од близу 24 милиони евра.

Можеби некоја од котираните компании да има и повисока пазарна капитализација од наброените на оваа листа, но нивните акции не испливале во најтргуваните, па затоа и не можат да се видат во берзанскиот билтен податоците за нивната пазарна капитализација. Туку, пресметкитре би требало да се прават компанија по компанија одделно. Инаку, покрај овие 10, останатите над 80 акционерски друштва имаат вкупна пазарна капитализација од 1,11 милијарди евра.

Н.Н.Ф.  

Можеби ќе ве интересира

„Дадовме гас до максимум, предизвик ни е да се надминеме самите себеси“: Николовски за зголемената наплата на Царина и растот на приходите

„Дадовме гас до максимум, предизвик ни е да се надминеме самите себеси“: Николовски за зголемената наплата на Царина и растот на приходите

Плата од 2.200 евра, обезбедено сместување и храна, можни и бонуси – но „сè уште нема соодветни кандидати“

Плата од 2.200 евра, обезбедено сместување и храна, можни и бонуси – но „сè уште нема соодветни кандидати“

(ВИДЕО) Светски синџир хотели прогласи банкрот и ги исфрли гостите на улица

(ВИДЕО) Светски синџир хотели прогласи банкрот и ги исфрли гостите на улица

НАСТЕЛ ПРОДАВА, ПЕЦОВСКИ И САВА ПЕНЗИСКИ ФОНД КУПУВААТ - нов трансфер на акции на Реплек

НАСТЕЛ ПРОДАВА, ПЕЦОВСКИ И САВА ПЕНЗИСКИ ФОНД КУПУВААТ - нов трансфер на акции на Реплек

Како Црна Гора стана најбрзорастечкиот центар на милионери во светот?

Како Црна Гора стана најбрзорастечкиот центар на милионери во светот?

НЕ СТЕ ПЛАТИЛЕ КАЗНА ВО ГРЦИЈА, НЕМА ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАТА: Нови ригорозни мерки за сите што направиле сообраќаен прекршок!

НЕ СТЕ ПЛАТИЛЕ КАЗНА ВО ГРЦИЈА, НЕМА ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАТА: Нови ригорозни мерки за сите што направиле сообраќаен прекршок!

ЗАВРШИ САГАТА ВО СЕНАТОТ НА САД: Одобрен законот за финансирање

ЗАВРШИ САГАТА ВО СЕНАТОТ НА САД: Одобрен законот за финансирање

„ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО ТЕШКО“: Скопските јавни претпријатија должат над 300 милиони евра

„ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО ТЕШКО“: Скопските јавни претпријатија должат над 300 милиони евра

Колкави се трошоците во земјите од ЕУ? Во 10 земји минималните плати се под 1.000 евра, еве што ве очекува таму

Колкави се трошоците во земјите од ЕУ? Во 10 земји минималните плати се под 1.000 евра, еве што ве очекува таму