ГИ ЗГОЛЕМУВАМЕ ПЛАТИТЕ ВО УСТАНОВИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА: Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека зголемиле плати во повеќе сектори
Објавено во: Финансии 08 Август, 2025 10:58
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи посветено за секого. За 20% се зголемуваат платите во јавните установи за социјална заштита. 20% повисоки плати ќе добијат вработените во јавните установи за социјална заштита, велат од владејачката партија.
„Ресорното министерство заедно со синдикатите потпиша нов колективен договор со кој освен што ќе се зголемат платите, ќе се подобрат и работните услови, правната сигурност и социјалниот дијалог. Со ребалансот на Буџетот за 2025 година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ јасно покажа дека ќе се зголемуваат платите и пензиите. Ако порано парите исчезнуваа од Буџетот и никој не одговараше за истото, сега се прави јасна дистинкција дека парите завршуваат во џебот на граѓаните“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека освен ова зголемување, претходно имало зголемени плати и во други сектори.
„Да потсетиме дека освен ова зголемување од 20% во делот на социјалната заштита, претходно беа зголемени платите и во полицијата, здравството, образованието, културата, администрацијата, а секако, беа и повторно ќе бидат зголемени пензиите на над 330 илјади пензионери, за вкупно 7 илјади денари. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги гради темелите на промените“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




