Ѓорчев: Се случи 10-та победа на ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2016
Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ вечерва се обрати на прес-конференција и рече дека победиле уште еднаш.
Вели се случи 10-та победа на ВМРО-ДПМНЕ.
„Семафорот покажува разлика, семафорот покажува победа. Би сакал да одиме со бројки, да видиме општина по општина, бројка по бројка, избирачко место по избирачко место. Нашиот народ повторно победи. Македонија се спротивстави на црните сценарија, кампањи. Разликата е 390.000 на 370.000. Секоја победа е драгоцена“ - изјави Ѓорчев.
Тој се заблагодари на сите граѓани и коалициони партнери и етнички заедници.