16 Декември, 2025
0.0972

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот - обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции!

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2025 17:42

Добивај вести на Viber

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информира дека советниците денеска го изгласаа ребалансот на буџетот. 

Вели дека со еден глас против и еден воздржан, донесен е ребалансот на Буџетот на град Скопје - обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции.

„На денешната седница на Советот на Град Скопје, беше изгласан ребаланс за закрепнување на градот и јавните претпријатија, ребаланс кој ќе овозможи плати за вработените, но и со кој кратиме непродуктивни трошоци. Сакам да им се заблагодарам на сите советници за поддршката и конструктивноста. Почнуваме со консолидација.  Овој ребаланс значи сериозна промена со кој буџетскиот дефицит го намалуваме за 928,5 милиони денари, а капиталните инвестиции ги зголемуваме за речиси 98,9 милиони. Тоа е јасна порака дека нема повеќе нерационални задолжувања, туку нови решенија и нови проекти. Јавниот превоз го решаваме без нови кредити и без да го ставаме градот на колена. Приватните превозници се враќаат и повторно ќе возат, повторно ќе служат на скопјани. Во тек е соработка со Министерството за транспорт за повторно оживување на Градскиот воз“, додава тој. 

Владата веќе ја спроведува набавката на 80 нови автобуси, а тие започнуваат со разгледување на БРТ - системот кој ќе го подигне јавниот превоз на повисоко ниво.

„Во образованието правиме силен исчекор напред.  До крајот на годината, училиштата ќе добијат нови спортски терени, фитнес зони, смарт табли, кабинети за информатика и лаптоп за секој првенец на генерација. Ќе се реши и хроничниот недостаток на столчиња и училишни клупи. Со овој ребаланс започнуваме и со реализација на ветените проекти како што се парк ,,Христијан Тодоровски - Карпош”, парк ,,Лепенец”, како и изградба на 50 нови помали паркови низ градот.  Во делот на инфраструктурата стартуваме со проекти што одамна требаше да бидат завршени. Тоа се реконструкција на улицата ,,Фрањо Клуз”, кружниот тек во Ѓорче Петров, трета лента на булеварот ,,Александар Македонски”, прва фаза на булевар ,,Хрватска”, булевар ,,АСНОМ”, клучката кај ,,Момин Поток”. Дополнително, обезбедуваме и средства за изработка на проектна документација за улиците ,,Шарпланинска”, ,,Бутелска”, ,,Радишанска”, кружен тек кај ,,Тобако 2” и други. Во буџетот има средства и за надомест на експропријација, со што конечно ќе се отвори патот и за реализација на поголемите булеварски решенија, меѓу кои и булеварот ,,Борис Трајковски”. Драги скопјани, времето на стагнација и уназадување на градот заврши. Скопје почнува да оди напред повторно. Знам колку длабоко градот е во финансиски амбис. Но, знам и дека нема да отстапиме. Ќе го дадеме последниот атом сила од нас за да го вратиме Скопје на правиот пат“, додава Ѓорѓиевски. 
Вели дека ова е само првиот чекор и ќе продолжат да работат уште повеќе. 
фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“