Добивај вести на Viber
Започнати се работите на сите делници на Европскиот патен коридор 10 од од Лесковац до границата со Македонија, на вкупно 75 километри, информира денеска директорот на Коридорот Србија, Димитар Ѓуровиќ.
- Целата траса на „Коридор 10“ треба да биде завршена до 2015 година, најдоцна до првата половина на 2016 година - изјави Ѓуровиќ.
Делницата од село Левосоје до границата со Македонија, во должина од 21,5 километри, треба да биде завршена до 15 август.