Гласањето стартуваше во Теарце, МОСТ и Цивил го набљудуваат гласањето
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2016
Почна гласањето во тетовско Теарце.
Избирачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во селото Теарце е отворено за гласачите.
Прегласувањето на ова избирачко место за предвремените парламентарни избори се одвива по одлуката на Управниот суд да го поништи гласањето на ова избирачко место. Државната изборна комисија(ДИК) донесе одлука да се повтори гласањето на избирачкото место во оваа општина, врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати. Во Теарце на список за гласање има 714 гласачи од кои на 11 декември излегоа 404. Граѓанската асоцијација МОСТ и невладината Цивил го набљудуваат гласањето. Избирачкото ливче останува исто како и на 11 декември.