Гласањето во Теарце заврши - се пребројуваат гласови
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2016
Заврши гласањето во избирачкото место 2011 во тетовското село Теарце.
Во тек е пребројувањето на гласовите. До 21,30 предвидено е Државната изборна комисија)ДИК) и официјално да ги соопшти резултатите од прегласувањето. Неофицијално, гласале 402 лица. На 11 декември гласале 404 жители на селото.
Гласањето во текот на целиот ден помина мирно и без поголеми проблеми. Утрово имаше само дваесетминутен прекин на гласањето заради потрошените батерии на УВ-ламбите. Техничкиот проблем бил брзо надминат до достава на други УВ ламби.