Гласањето започна, Македонија избира нов пратенички состав за излез од кризата
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2016 08:00
Гласањето започна во точно 7 часот и ќе трае до 19 часот, па засега од ДИК нема информации за попречување или задоцнување на изборниот процес. Граѓаните кои ќе се упатат кон гласачките места треба да поседуваат валиден биометриски документ, а на избирачкиот список до нивните податоци ќе стои и слика за идентификација.
Наместо со фломастер како на минатите избори гласачот ќе се обележува со безбоен спреј видлив под УВ ламба. Се гласа тајно со тоа што за важечко се смета ливчето со еден целосно заокружен број без други додатоци, па затоа внимавајте на вашиот гласачки лист.
Вчера гласаше поголемиот дел од дијаспората, а денес право на глас имаат 1.784.416 граѓани кои ќе гласаат во шест изборни единици.
Од сите граѓани во избирачкиот список 1.531.368 се граѓани во Македонија, а останатите се водат како лица во странство и се на посебен список. Изборите се спроведуваат според пропорционален модел во шест изборни единици со 3.480 избирачки места во Македонија и во седмата изборна единица, за дијаспората, има 46 избирачки места.
Изборите ги следат 7.585 домашни и 667 странски набљудувачи. ОБСЕ/ОДИХР ќе мониторира со 281 додека Амбасадата на САД со 51 набљудувач.
Граѓанската асоцијација „Мост“ ќе има 3.000 набљудувачи. Од оваа асоцијација упатија апел до граѓаните да пријават каква било неправилност на бројот 080 080 080.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




