29 Април, 2024
0.0474

Глобализацијата е мртва, да живее дигитализацијата

Објавено во: Финансии 04 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Речиси неосетно пред нашите очи се врши епохална промена. Глобализацијата е во повлекување. А со тоа значење губи не само на светската трговија. Европската економија исто така треба да се преиспита.

Ништо не е како што беше порано. Сѐ појасно станува дека финансиската криза од 2008/09 година и последователната рецесија сменија сѐ. Стравот од губење и несигурноста доведоа до одбранбени рефлекси и трендови на одлив кај приватните корисници. Во поголемата слика, самите држави се посклони кон протекционизам и национализам. Резултатот е забавување на глобализацијата и побрзо забрзување на дигитализацијата, пишува во својата анализа Ди Велт.

Наместо централизирано производство и транспорт на стока со се поголеми бродови на подолги растојанија, новите технологии овозможуваат децентрализирано производство и имплементација на место за крајниот корисник. Наместо транспорт на стоките до луѓето, производство доаѓа до корисниците.

Еден пример: ако претходно пејсмејкерите се произведуваа централизирано во фабриките во неколку стандардни димензии, во иднина тие ќе се приспособуваат кон конкретните потреби на пациентот директно во салата за оперирање, откако ќе се користи 3-Д печатач во согласност со околностите. Логистика на синџирот на снабдување, транспортот и складирањето веќе станува излишна. Наместо стоки низ целиот свет почнуваат да се испраќаат повеќе податоци.

Презентираните на крајот на септември податоци за глобалната трговија на Светската трговска организација (СТО) илустрираат како природата на глобализацијата се менува побрзо од финансиската криза наваму. Годишен реален раст на светската трговија во периодот помеѓу крајот на Студената војна (1990 година) и финансиската криза (2008 година) изнесува шест проценти, додека светското производство расте во истиот период во просек за околу три проценти. Така светската трговија расте два пати побрзо, колку и светското производство.

Но од почетокот на финансиската криза трговијата се проширува значително побавно. Од 2012 до 2015 година светската трговија и светското производство се зголемуваат речиси во дует - со 2,3% годишно. Во оваа година се очекува дури реалниот раст на светската трговија да е 1,7% - помалку пораст од тоа на светското производство (2,2%).

Тоа е пресвртна точка. Сличен феномен - светската трговија да расте побавно од светското производство никогаш не се случило во „последните нормални“ 35 години. Се случило само за време на нафтената криза во почетокот на 1980 година, по терористичките напади од 9 септември 2001 година и за време на финансиската криза од 2009 година.

Податоците на СТО не покажуваат слабеење на еден тренд - тие откриваат пресврт. Светската економија влезе уште од почетокот на финансиската криза во фазата на деглобализацијата. Стоковните пазари денес не се посилно, туку послабо поврзани отколку пред кризата.

Деглобализацијата на стоковите пазари е почеток на крајот на гигантизмот кој го натера човештвото да праќа уште поголеми бродови на подолги патувања во океаните. Ефикасната логистика денес веќе не значи да ги истовараме во огромните пристаништа што е можно побрзо контејнерите од водата на суво, со цел потоа да се транспортираат преку патен и железнички транспорт до централните магацини за понатамошно ширење до клиентот или добавувачот, кои од своја страна ги преработуваат.

Денес ефикасната логистика се базира на интелигентни алгоритми. Се бара мудро поврзување на различни извори на информации. Целта е да се добие претходни информации за да може корисниците да се услужат порано, побрзо и најмногу - проактивно, односно - однапред.

Еве и нов пример за да се илустрира: автомобилот регистрира проблем на моторот и истовремено му сигнализира на корисникот и производителот. Логистиката може да почне веднаш да работи над решение на проблемот во службата, уште пред клиентот да дошол до вратата. И дефектот може да биде отстранет во рекордно време.

Затоа конкурентната предност за логистиците веќе нема да претставува големиот фонд на резервни делови во магацин, од кој потоа ќе се шири локално во областа. Предноста ќе биде во ефикасна обработка на податоците што ќе им нуди на клиентите отсранување на дефектот уште пред клиентот да е уште активен. Резервниот дел ќе биде изработен локално и вграден на место.

Се разбира, големите бродови ги имаат предностите на обемот пред малите. Просечните транспортни трошоци за еден тон или контејнер се пониски. Но ако трошоците за комуникација паѓаат побрзо од транспортните трошоци, тогаш токму транспортот на податоци станува попривлечен за концерните отколку транспортот на стоки.

За тоа се грижат интернет, облаците, помоќните компјутери, побрзите алгоритми и попаметниот АИ. Заедно со ефектот на мрежата во глобалните системи за податоци кои обезбедуваат информации и производство во реално време, тие ги намалуваат трошоците до таков степен што ги надминуваат придобивките од поголемите танкери.

Ова е можно не на последно место бидејќи гигантизмот ги зголемува ризиците од пиратерија и катастрофи, одложувања или оштетувања. Банкротот на Корејската компанија „Hanjin“ не потсетува тоа колку брзо стока во вредност од повеќе од 12 милијарди евра може да „потоне“ во приближно 500 илјади контејнери на отворено море.

Централизацијата беше причина и последица од глобализацијата. Таа овозможи преку споделување на средства и вкупно оптоварување да се намалат просечните трошоци и на тој начин компаниите да искористат од придобивките на масовно производство. Она што се произведува централизирано, потоа мораше да биде преместено преку покомплексни системи за транспорт на долги растојанија за понатамошна обработка, како и до самиот клиент.

Дигитализацијата ја прави транзицијата од централизирана кон децентрализирана испорака многу попривлечна. Една локална услуга овозможува да се соберат ценовни предности. Произведени на лице место и прилагодени специјални решенија за клиентот, го зголемуваат квалитетот и задоволството на корисникот во споредба со централизираното производство. А последиците се деглобализација и децентрализација. Токму тие ќе ја обликуваат иднината на светската економија.


Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?