Го истепале повеќе лица, а потоа нивното куче го каснало
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2022
Во Сингелиќ, повеќе лица нападнале лице од Арачиново, а потоа го каснало и нивното куче.
„На 06.02.2022 година во 23.17 часот во Полициската станица Гази Баба, Ќ.С.(38) од с.Арачиново пријавил дека околу 15.00 часот во с.Сингелиќ бил нападнат со дрвен предмет од С.Р., С.Р. и уште едно машко лице по што бил каснат од нивното куче“, соопшти полицијата.
Полицијата работи на расчистување на случајот.