Го избрале за градоначалник додека бил во кома поради коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 30 Ноември, 2020
Во Бразил политичар е избран за градоначалник додека бил во кома поради коронавирусот.
Локалниот политичар од централен Бразил, Магуито Вилела, вчера е избран за градоначалник на градот Гоијанија. Тој не го знае тоа бидејќи поголемиот дел од месецот го мина на респиратор во индуцирана кома поради инфекција со коронавирусот.
Вилела, поранешен сенатор од центристичкото Демократско движење, на 20 октомври е регистриран како позитивен на коронавирусот. Една недела подоцна, тој бил примен во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло и од 30 октомври е интубиран.
На 8 ноември нему му бил остранет респираторниот систем, но веќе на 15 ноември бил вратен на машината, кога минал во вториот круг од локалните избори со конкурентот од Социјалдемократската партија, Вандерлан Кардос.
Вилела вчера беше избран за градоначалник на Гоијанија, град со околу 1,5 милиона жители во централен Бразил, на 200 километри југозападно од бразилската престолнина. Тој на гласањето доби 52,6 проценти од гласовите.
Повеќе од 6,3 милиони Бразилци досега се заразени и речиси 173. 000 се умрени од Ковид-19, наведува бразилското Министерство за здравство.Во Травник во БиХ на денот на изборите кандидат почина на денот на изборите.
За две седмици во истиот град почина и вториот од петте кандидати.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.