16 Мај, 2024
0.0258

Го изгубил мобилниот во странство – добил сметка од дури 19.000 евра!

Објавено во: Балкан 16 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Жител на Словенија го изгубил мобилниот телефон за време на својот одмор во Шпанија. Иако операторот е должен веднаш да реагира, во овој случај крадците биле побрзи. -Ми го украдоа мобилниот апарат за време на мојот одмор во Шпанија. Веднаш ја пријавив кражбата кај својот мобилен оператор. Следниот ден повторно ги побарав и дознав дека туку што ја блокирале мојата сим картичка. Вечерта истиот ден, на пат кон дома видов дека крадците ми набиле сметка од 19.020 евра. Словенецот смета дека не треба да ја плаќа сметката, бидејки се работи за пропуст на операторот. Тој  побарал одговори од одередени оператори во случај што може да се направи ако го изгубите или да ви го украдат мобилиниот телефон? Како да се заштитите од можен пропуст на вашиот оператор, со што ќе избегнете и макотрпно натегање на суд околу тоа кој ќе го плати трошокот? -Мобилниот оператор мора веднаш да го извести потрошувачот за големите трошоци и да го заштити корисникот и да спречи било каква можност на корисникот да му се нанесе друга штета. Телеоператорот  исто така според просечната потрошувачка може да утврди дека имало злоупотреби и на тој начин да спречи појава на понатамошни трошоци, одговориле од операторот. -Регулирањето на цените се однесува само на телефонирање во земјите на ЕУ, а може да биде и поинаку доколку корисникот со својот оператор има договор за некоја друга тарифа. Ако корисникот се наоѓа надвор од ЕУ или од ЕУ повикува земја надвор од ЕУ и обратно, опертаторите наплаќаат со други цени, во склоп со нивниот ценовник за тие услуги, додаваат тие. Сепак случај на еден жител на Загреб го покажува сосема спротивното, односно операторот излегол во пресрет со тоа што му ја намалил сметката. -Одев на службен пат во Австрија. На патувањето користев дигитрон и USB стик за мобилен интернет . Благодарение на тоа кога се вратив во Хрватска, непријатно ме изненади сметка за мобилен интернет од 9000 куни. Поради што одлучив да се жалам или да се договорам. Но бидејки сум долгогодишен претплатник, операторот се согласи да ми ја намали сметката на 2000 куни, изјавил тој. Еве што треба да направите ако го изгубите или ви го украдат мобилниот телефон: 1. Веднаш јавете се на својот оператор Кој ќе го изгуби мобилниот, мора веднаш да се јави на својот оператор кој ќе ја блокира картицата,односно телефонскиот број. Операторот мора да го предупреди корисникот ако сметката е многу повисока од вообичаено. 2.Пријавете ја кражбата на мобилниот апарат во полиција Корисникот мора да ја пријави кражбата на мобилниот апарат во полиција,поради што ќе се направи записник, кој корисникот подоцна му го доставува на операторот. 3. Барајте листа со телефонските повици Тоа е важно ако имате спор со мобилниот оператор. По листата на повици ќе видите кога се извршени набиените повици и времето ќе го споредите со исчезнувањето на вашиот мобилен апарат. 4. Лимитирајте некои услуги Може да ја ограничите потрошувачката, да ги забраните повиците со посебна тарифа или исклучете ги услугите за роаминг. К.К

Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот