05 Декември, 2025
0.1274

„ГО СТАБИЛИЗИРАМЕ УПРАВУВАЊЕТО СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ“: Димитриеска - Кочоска уверува „фокусот е на ефикасно прибирање на приходите и економски раст“

Објавено во: Финансии 25 Октомври, 2024 10:37

Добивај вести на Viber

Забрзување на економскиот раст и подобрување и одржување на макроекономската стабилност се главни цели на фискалната политика која ќе ја води новата Влада. Процесот на стабилизирање започна со ребалансот на Буџетот за 2024 година и ќе продолжи со дисциплинирано буџетско трошење, постепена фискална консолидација, намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, со зголемена наплатата на приходите. 

Ова е констатирано на средбата меѓу министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс и алтернативниот извршен директор, Лук Дресе, како и со Жероен Клик, којшто ќе ја преземе функцијата извршен директор на ММФ и Марникс ван Рај, којштo треба да ја преземе функцијата алтернативен извршен директор.

- По преземање на власта во текот на јули подготвивме ребаланс на Буџетот за 2024 година со цел да обзбедиме стабилизирање на јавните финансии и отплата на обврските. Фискалната консолидација е процес кој се практикува и во Ребалансот преку кратење на непродуктивните трошења. Тој процес со дисциплинирано буџетско трошење ќе продолжи и во наредниот период што ќе се одрази на намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг. Од друга страна ќе се подобрува приходната страна на буџетот со зголемување на ефикасноста во наплатата особено во делот на неформалната економија - напомена министерката за финансии.

Истакна дека постепено ќе се постигнат фискалните правила за нивото на буџетскиот дефицит до 3 отсто од БДП и јавен долг до 60 проценти од БДП. 

- Усвоена е Фискалната стратегија и исцртана е траекторијата по која ќе се движи буџетскиот дефицит, како и Стратегијата за управување со јавен долг со кој се остваруваат напорите на Министерството за финансии за прудентно управување со јавниот долг и достигнување ниво под 60 проценти до 2029 година. Во тие рамки веќе во завршна фаза е буџетот за 2025 година со кој се очекува намалување на буџетскиот дефицит во споредба со ребалансот од оваа година и ќе биде на ниво не повеќе од 4 отсто од БДП - истакна Димитриеска-Кочоска.

Таа напомена дека покрај фискалната консолидација фокус е ставен од Владата на заживување на економијата и во таа насока ќе се имплементира нов концепт кој се заснова на инвестиции. Преку инвестиции во инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии што ќе значи одржување високо ниво на капитални расходи и зајакнување на транспарентноста и отчетноста. Дополнително, како што рече, економската активност ќе се поддржи и преку реализација на еден нов инвестициски циклус од над 500 милиони евра од страна на приватниот сектор.

Посочи оти важна улога ќе има и даночната реформа со зајакнување на наплатата на приходите преку намалување на неформалната економија, што покрај поголема ефикасност во прибирање на приходите, ќе создаде и рамноправни услови за работа на компаниите и нивна поголема конкурентност.

На средбата беше истакнато дека во рализација на планираните реформи значајна улога ќе одигра примената на новиот Закон за буџети, подзаконските акти на кои се работи во моменот, а кои се со цел имплементација на најдобри практики во планирањето и извршувањето на буџетот. Исто така, се очекува позитивно влијание и од дигитализација на процесите.

Реформите коишто се планирани ќе добијат поддршка и од најавениот План за раст на Западен Балкан на ЕУ за што до крајот на годината се очекува првата транша во износ од 7 отсто од вкупната сума која е околу 750 милиони евра. Во изминатиот период исто така беа преземени одредени реформски активности кои беа имплементирани во согласно со Линијата за ликвидност и петпазливост на ММФ  -  ПЛЛ, а кои беа во насока на одржување здрави макроекономски политики.

Во Вашингтон министерката Димитриеска-Кочоска, заедно со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска ќе оствари средби и со високи претставници на Светска банка. Инаку министерката и гувернерката во Вашингтон учествуваат на редовните Годишни средби на ММФ и СБ кои се одржуваат од 21 до 26 октомври 2024 година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката