Го видовме суровото лице на војската на Путин, изјави Фон дер лајен во Буча
Објавено во: Свет 08 Април, 2022
Овде се случи нешто незамисливо. Го видовме суровото лице на војската на Путин, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при посета на украинскиот град Буча, во близина на Киев.
Форензичари денеска почнаа ексхумација на тела од масовна гробница во Буча. Руслан Кравченко од обвинителството во Буча изјави дека се ексхумирани 20 тела, од кои 18 биле со прострелни рани и рани од шрапнел. Идентификувани се две жени, а една од нив работела во супермаркет во центарот на градот. Вели дека има сведоци кои можат да потврдат дека руските сили ги убиле луѓето.
„Без никаква причина, тие само се движеле по улицата или биле евакуирани. Некои од нив само зборувале на украински јазик“, додаде обвинителот.
На 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина.
Во регионот на Одеса е воведен полициски час, кој почнува утре во 20 часот по локално време и ќе трае до пет часот наутро в понеделник, соопшти денеска Градскиот совет на Одеса.
foto reuters
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.