22 Октомври, 2024
0.0704

Гоце Спасов со „Млин Аргулица“ ги полни државните резерви, а сега го проширува бизнисот

Објавено во: Економија 07 Декември, 2023

Добивај вести на Viber


Скопскиот бизнисмен Гоце Спасов како сопственик на „Млин Аргулица“ во последните две години е најголемиот снабдувач со жито на Агенцијата за стокови резерви. Со почетокот на војната во Украина, државата презеде специјални мерки, а една од нив беше засилено полнење на силосите со пченица и други житни култури. Меѓу компаниите кои ги добија најголемите договори, преовладува името на таа на Спасов.

Во последните 15-16 месеци Агенцијата за стокови резерви склучи неколку договори со компанијата од Карбинци за набавка на пченица и јачмен во вредност од над 500 милиони денари.

- Ние сме три фирми што останавме поконкурентни во Македонија од таа дејност што можеме да ги задоволиме потребите, затоа што треба да се задоволат одредени услови, а ние имаме транспорт и добро сме позиционирани. При тоа треба да приложуваме банкарска гаранција, а постигнатата цена во договорите не смееме да ја зголемуваме. Еднаш се случи да ја носам за 16 денари пченицата, а доколку ја немав таа обврска, на берзата можев да ја продадам за 20 денари по килограм. Ние работиме во околината на Штип и светиниколско, а таму успева јачменот и можеби затоа станавме поконкурентни во однос на другите. Згора на тоа, можам да кажам дека за лани и немав некоја голема добивка, вели Спасов.

Скопскиот бизнисмен тргува со жито главно од Србија и Македонија, но тврди дека оваа дејност бара многу познавање, затоа што има многу пазарни ризици.

- Некогаш залихите се нереални и пазарот станува буквално мртов. Треба да се чека нов момент. Благодарение на силосите кои ги поседуваме, го одржуваме она што го имаме и чекаме да се размрда пазарот со првите снегови. Мора да се следи берзата постојано и може да се влезе во голем ризик ако не ја предвидите добро ситуацијата кога да делувате, тврди сопственикот на „Млин Аргулица“.

Спасов вели дека неговата фирма е основана во 2005, а тој дека работи со трговија и производство на земјоделски производи од својата 21-година. Лани се крена голема врева од одредени кругови дека Македонија за своите потреби ги полни складиштата со српска, наместо со македонска пченица.

- Ние имаме домашен дел што исполнува стандарди, но не може се со тоа да се покрие. Затоа, другото е трговија со соседството каде што бараме конкурентни цени, додава Спасов.

Сепак, во последните неколку месеци Спасов прави неколку нови бизнис потфати. Прво го презема Кит-Го Аграр од штипскиот бизнисмен Кирил Гогов.

- Поточно, станува збор за купување на складиште, бидејќи господинот Гогов најверојатно повеќе нема интерес да работи во таа дејност, вели тој.

Од минатиот месец Спасов е основач на две нови фирми - Жито Инвест Штип и Гемакорп Штип.

- Првата е за откуп на пченица и други житни култури од комитенти и задруги, со што ќе се обидеме да направиме извоз надвор од Македонија. Втората е градежна фирма со која сакаме да направиме реконструкција на силос во Крупиште со капацитет од 6.000 тони и да аплицираме за грант од ИПАРД програмата, додава Спасов.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари

„Најголем дел од извозно ориентираните компании зависат од солунското пристаниште': Николовски од Солун вели „имаме обврска да обезбедиме модерни врски“

„Најголем дел од извозно ориентираните компании зависат од солунското пристаниште': Николовски од Солун вели „имаме обврска да обезбедиме модерни врски“

Унгарскиот кредит од половина милијарда евра легна на сметката на Министерството за финансии

Унгарскиот кредит од половина милијарда евра легна на сметката на Министерството за финансии

За ВМРО-ДПМНЕ неприфатливо е минимална плата од 450 евра, ќе се чека системското покачување

За ВМРО-ДПМНЕ неприфатливо е минимална плата од 450 евра, ќе се чека системското покачување

ПАД НА ПРОДАЖБАТА НА АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА, НО ХРВАТИТЕ ГИ КУПУВААТ КАКО ДА НЕМА УТРЕ - растот е двоцифрен

ПАД НА ПРОДАЖБАТА НА АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА, НО ХРВАТИТЕ ГИ КУПУВААТ КАКО ДА НЕМА УТРЕ - растот е двоцифрен