Гоце Трајковски нема да сведочи денес за убиствата на Вања и Панче
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2025
На денешното рочиште од судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, иако се очекуваше, сепак нема да сведочи Гоце Трајковски, кој минатата недела самиот се предаде во полициска станица.
Полицијата подолг период го бараше Трајковски за друго кривично дело, подметнување на пожар во кафуле во Кисела Вода. Трајковски треба да сведочи и да каже како доаѓал до снимките од безбедносните камери во случајот со киднапирањето и убиството на девојчето и како грабнувањето го поврзал со исчезнувањето на Панче Жежовски кој беше ладнокрвно убиен неколку дена пред Вања.
„На денешното рочиште нема да се врши распит на сведокот Гоце. Обвинителството ќе продолжи да ги изведува снимките како доказ. Доколку заврши со изведувањето на овие докази, после рочиштето јавната обвинителка Ана Стојковиќ Димитровска ќе даде изјава по рочиштето“,информираат од Обвинителството.
На последното рочиште, обвинителката инсистираше и понатаму да се бара Трајковски и да биде донесен да сведочи, а не само да биде прочитан неговиот исказ даден во Обвинителството. Ова негово сведочење би можело да ја расветли инволвираноста на таткото на убиената Вања, кој е второобвинет во случај за помагање