22 Јануари, 2025
0.0276

ГОДИНА ВО КОЈА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАУЧИЈА ДА ШТЕДАТ ВО ДЕНАРИ, И ДОБРО ИМ Е - лани раст на граѓанските влогови во домашна валута за 634 милиони евра

Објавено во: Финансии 22 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Најнови бројки на Народната банка за македонското штедење и кредитирање. Се однесуваат за крајот на минатата година, и недвосмислено покажуваат една работа, а таа е дека Македонците се научија да штедат во денари, и не само тоа, туку и дека повеќе преферираат да ги чуваат своите пари во банка во домашната валуита.

Еве што велат најновите бројки на централната банка заклучно со крајот на декември минатата година.

И да направиме споредба со еден месец претходно, но и со една година претходно, или поточно заклучно со декември 2023 година.

На крајот на минатата година македонските граѓани во банка чувале 6,454 милијарди евра, говорат најновите податоци на монетарните власти.

Во однос на еден месец претходно, тоа е раст за одлични 245 милиони евра. Тоа значи дека Македонците само за еден месец им дале на доверба на домашните банки нови 245 милиони евра.

Ако, пак, имаме предвид дека на крајот на декември 2023 година, домаќинствата во земјава вкупно во банкарскиот сектор чувале 5,671 милијарди евра, тоа говори дека точно за една година депозитите на населението во земјава пораснале за цели 783 милиони евра.

Сега следува уште поинтересниот дел од оваа анализа, а таа говори дека 2024 дефинитивно беше година на освојување на доминација на денарот над странската валута во поглед на чување на заштедите на домаќинствата.

Односно, во декември лани македонските граѓани во денари чувале 3,455 милијарди евра, додека, пак, во странска валута се 3,023 милијарди. А за илустрација, на почетокот на ланската година ситуацијата била сесема поинаква, па странската валута, односно главно еврата, доминирале над денарите.

Да видиме колку се зголемиле заштедите во денари на граѓаните.

Само за еден месец тие имаат пораст од 237 милиони евра, со оглед што на крајот на ноември изнесувале 3,218 милијарди евра.

А, за цела мината година штедните влогови во денари имаат навистина фантастичен раст, од дури 634 милиони евра, и со тоа всушност на нив отпаѓа речиси целиот годишен раст на граѓанските депозити, кој изнесува 783 милиони евра.

Пораст има и кај депозитите во странска валута, но тој е многу понизок од оној кај денарите. Или, на крајот на минатата година, граѓаните во странска валута чувале 3,023 милијарди евра, што е раст за 33 милиони евра за еден месец.

Додека, пак, на почетокот на минатата година депозитите во странска валута биле 2,849 милијарди евра, што значи дека има раст од 174 милиони евра за една година кај овој вид на штедење, што е многу помалку наспроти 634 милиони евра колку што изнесува растот на граѓанските депозити во денари.

Секако дека за оваа денаризација на македонското штедење голема заслуга имаат и бројни мерки кои ги презеде централната банка, со цел да се направи поатрактивно денарското штедење, односно да се зголемат каматните стапки кои ги добиваат депонентите на овие средства.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

QUANT, TRUMP и DOGE: Мемекоини - од тинејџерска шега до општествен феномен

QUANT, TRUMP и DOGE: Мемекоини - од тинејџерска шега до општествен феномен

ДАНОЧНА ИЗМАМА ТЕШКА НАД 11 МИЛИОНИ ДЕНАРИ - финансиска полиција гони компанија од Скопје, еве ги деталите

ДАНОЧНА ИЗМАМА ТЕШКА НАД 11 МИЛИОНИ ДЕНАРИ - финансиска полиција гони компанија од Скопје, еве ги деталите

КАКВО „ЗЛАТО“ БАРААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - со блокови и редовно вчера направен промет од над 700 илјади евра

КАКВО „ЗЛАТО“ БАРААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - со блокови и редовно вчера направен промет од над 700 илјади евра

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА СКОРО 42 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве кои сектори имаат повисоки плати, а каде се намалени

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА СКОРО 42 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве кои сектори имаат повисоки плати, а каде се намалени

ПЛАТЕНИ СЕ 716 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 1,17 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА УНИ БАНКА - кој е купувачот во двата блока

ПЛАТЕНИ СЕ 716 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 1,17 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА УНИ БАНКА - кој е купувачот во двата блока

ПАРА НА ПАРА ОДИ: Најбогатите станаа уште побогати, еве за колкава сума

ПАРА НА ПАРА ОДИ: Најбогатите станаа уште побогати, еве за колкава сума

ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП Е НАЈСКАПАТА ВО ИСТОРИЈАТА! Ги сруши сите рекорди, а овие три гиганти дадоа повеќе од милион долари

ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП Е НАЈСКАПАТА ВО ИСТОРИЈАТА! Ги сруши сите рекорди, а овие три гиганти дадоа повеќе од милион долари

„ОПСТАНОК НА НАЈБОГАТИТЕ“: Оксфам утврди дека најтешките 1 процент приграбиле двојно повеќе богатство од остатокот од светот

„ОПСТАНОК НА НАЈБОГАТИТЕ“: Оксфам утврди дека најтешките 1 процент приграбиле двојно повеќе богатство од остатокот од светот

Еве и официјално: Комерцијална банка ќе подели дивиденда! Колкава ќе биде?

Еве и официјално: Комерцијална банка ќе подели дивиденда! Колкава ќе биде?