Годинава пропаднаа, но дали во 2021 година ќе има ученички екскурзии?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Октомври, 2020
Оваа година поради пандемијата на коронавирусот, се одложија многу ученички екскурзии, но неизвесно е дали идната година ќе бидат организирани.
Доколку продолжи состојбата со ширењето на коронавирусот, и доколку нема екскурзии, и тури, тоа ќе зададе удар на туристичкиот сектор. Ќе бидат загрозени работните места на оние луѓе кои се ангажирани во туристичките агенции. Од агенциите велат дека и оваа година имаат загуба поради откажаните екскурзии. Претходните години, училиштата вообичаено сезонски организираа по две до три екскурзии.
„Потоа студентските екскурзии, тука би ги споменала апсолвентските патувања кои се организираат еднаш годишно, како и екскурзиите кои ние како туристички агенции заедно со останатите туристички работници, водичи и пред се туристички транспортни работници во нашите туристички агенции ги организираме. Но, тука би сакала да нагласам дека ваквите откажувања на екскурзиите повлекоа и низа финансиски трошоци и материјални загуби пред се на нашите драги соработници, но и на нас како организатори на тие екскурзии и патувања за кои јавно упатувам апел да бидат разгледани и да бидат предложени мерки за надомест на ваквите финансиски загуби по основ откажани екскурзии, затоа што тоа не спречува во натамошно вршење на нашата дејност и во остварување приходи кои ни се неопходни за натамошен опстанок. Предвидувањата на туристичката бизнис заедница во согласност со Светската Туристичка Организација се дека екскурзиите ќе бидат пролонгирани и во текот на 2021 година, но со длабоко верување дека мерките кои што се преземаат за помош и ќе дадат ефекти на долг рок во што поскоро време, со верба дека целата оваа настаната светска здравствена состојба ќе ја види светлоста на денот сочувувајќи го пред се општото здравје на луѓето“, објаснува Ивона Јакимовска, раководител на Сектор туристички агенции при СКТМ.
Загрижува фактот дека 5.000 работни места во секторот се загрозени и за ова веќе алармирале. Овие луѓе доколку останат без работа ќе бидат на евиденција во Агенцијата за вработување.
„Особено е значаен, но и вистинит фактот, за жал дека во нашата држава се стремиме на решавање на проблемите откако ќе настанат иако сме можеле да ги спречиме ако благовремено сме реагирале со преземање на одредени мерки кои подолго време се предложувани од чинителите на овој сектор. Длабоко верувам и се надевам дека доколку бидеме вклучени активно и натаму во мерките кои се и ќе бидат преземени би можеле да спречиме натамошно губење на голем број работни места што значат и пад на стопанството на нашата држава и општо, негативните ефекти би се одразиле и на целото општество и сите гранки кои го сочинуваат“, рече Јакимовска.
Агенциите ќе можат да ја искористат помошта која државата ја нуди преку 4-от сет на мерки.
„Во дел од мерките сме и ние туристичките агенции преку доделувањето грантови, понатаму можноста за бескаматни кредити, тука е и намалувањето на данокот на додадена вредност, но исто така се споменуваат и субвенции на плати за стопанството. Нашите заложби се и натаму платите и приходите на туристичките работници севкупно да продолжат и во 2021 година последователно за месец јануари, февруари, март како и олеснување на протоколот за заштита на безбедноста и здравјето на луѓето при патување имајќи го предвид фактот дека периодот во кој сега се наоѓаме, но и натаму ако се земе предвид последните изјави на Светската Туристичка Организација за пад на меѓународниот туризам од 70% што е клучно за опстојување на туризмот и туристичкиот сектор. Поради пролонгирањето на здравствената криза, нашиот опстанок е како што и претходно напоменав, а фактите укажуваат на истото, доведен под голем знак прашање. Ние и натаму остануваме и сме отворени на овие прашања за подобрување на мерките и изнаоѓање заеднички решенија кои би дале резултати на долг рок. Упатувам уште еднаш апел до надлежното Министерство при Владата сите мерки кои ќе бидат предложени од соодветните гранкови Комори, да бидат внимателно разгледани и истите да бидат прифатени и имплементирани“, вели Јакимовска.
Во Македонија има 703 активни туристички агенции.
Ова лето граѓаните беа ограничени во однос на патување и летуваа или во Турција или во Албанија.
Коронавирусот „коси“ во Европа и светот и според некои прогнози стабилизирање е можно дури во летото 2021 година. Секој ден бројот на заболени расте и е близу до 45 милиони во светот.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.