Goldman: Купувајте злато ако цената падне под 1.250 долари
Објавено во: Финансии 07 Октомври, 2016 17:49
Цената на златото падна за речиси 5% оваа недела, но Goldman Sachs става граница под која им препорачува на инвеститорите повторно да почнат да влегуваат на пазарот. Нивото кое Goldman го става како клучно е 1.250 долари за унца. До 13:15 часот по македонско време, фјучерсите на златото за испорака во декември се тргува на ниво од 1.250 долари за унца.
Реакцијата на цената на златото во однос на можноста ФЕД да ги крене каматите во САД кон крајот на годината беше „поголема од предвидената“, рекоа аналитичарите од Goldman, Макс Лејтон, Михаил Спрогис и Џефри Кјури. На овој начин остануваат ризиците до крајот на годината да не биде постигнато нивото од 1.280 долари за унца, како што прогнозираат од Goldman.
Иако од Goldman предвидуваат дека ФЕД ќе ја зголеми каматата во САД до крајот на годината (што традиционално се одразува негативно на цената на златото), аналитичарите од инвестициската банка велат дека има фактори кои ќе ја поддржат цената на златото. Меѓу нив се најсилните купувања на берзанските фондови, кои го следат златото и силната побарувачката на златни прачки. Кон ова треба да се додаде и потенцијалот за раст во инвестициската побарувачка за злато од Кина, велат од Goldman.
- Ако дојде до распродажби на злато, кои ќе го доведат нивото значително под 1.250 долари за унца, гледаме на ова како на стратешка можност за откупување, имајќи предвид дека значителните ризици пред растот на светската економија остануваат, велат од Goldman.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





