16 Декември, 2025
0.0443

„Goldman Sachs“ ја притиска Грција до ѕидот

Објавено во: Балкан 18 Март, 2015 12:04

Добивај вести на Viber

Сегашноста за грчкиот министер за финансии не е доволно тешка, сега го стигна и минатото на земјата. Јанис Варуфакис треба да направи вистински чуда, за да може земјата да ги отплати краткорочните побарувања на своите кредитори. Но пари треба да се најдат не само за јавно познатите доверители на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската централна банка (ЕЦБ) и земјите членки од еврозоната. Одеднаш сега се појавува нов субјект.

На 20 март стигнуваат камати ангажирани од американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ зделка за обврзници, соопштува „Bloomberg“. Така што Варуфакис мора да најде повеќе од 2 милијарди евра до петок. Како да е иронично дека токму „Goldman Sachs“ ќе ги бара парите од Атина. Бидејќи финансискиот договор со американската инвестициска банка од 2001 година ја зголемува тежината на долгот на земјата и им помогна на Грција да ги исполни условите за пристапување кон еврозоната. Сега сепак долгорочните последици би можеле да ја доведат земјата до работ на банкрот и да ја зголемат веројатноста за излегување од еврозоната. Со помош на „Goldman Sachs“ во 2001 година, Атина успеа да намали дел од своите долгови во долари и јени во евра со помош на т.н. Валутни свопови. Таквите зделки во принцип не се реткост. Но договорот тогаш бил специјално структуриран за Грција. Атина добила висока еднократна почетна сума, за да го намали дефицитот. За сметка на тоа страните на договорот се согласиле за високи камати во следните години, една која очигледно истекува овој петок. Атина сепак не треба да плаќа пари директно на „Goldman“. Според „Bloomberg“ сега обврзниците се во сопственост на грчката централна банка. Вработените во централната банка и на „Goldman Sachs“ не сакаат да го коментираат износот на плаќањето. Овие недели финансиската состојба на грчката држава е збунувачка. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјавил до крајот на неделава пред „Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung“ дека до крајот на март Грција нема да располага со пари. Од Европската комисија, сепак засега немаат потврда на овие податоци. Федералната влада на Германија исто така не сака да даде изјава за финансиската состојба на Грција. „Сé уште има релативно голема несигурност во однос на финансиската состојба на Атина“, изјавил извор од владините кругови.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени