26 Ноември, 2024
0.0350

ГОЛЕМ БРОЈ АКТИВНИ ВО МАЛИТЕ ГРАДОВИ: Како „пламна“ епидемијата?

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Голем број на активни случаи на коронавирусот има во малите градови во Источна Македонија, како што се Делчево, Кочани, но и Свети Николе.

Мали градови, со мал број на жители, а сепак бројката на активни не е за занемарување. 

Делчево според податоците на Министерството за здравство објавени вчера за состојбата во последните 24 часа, има регистрирано 84 активни случаи од кои 35 се од Македонска Каменица, Свети Николе има 54, а Кочани дури 180 активни случаи на коронавирусот. 

Марија Глигоровска, директорката на Здравствен дом Делчево вели дека состојбата е ваква поради делумно непочитување на мерките за заштита од вирусот.

„Пред две недели имавме страшен бран. Многу од позитивните завршија во болница. Се фрла вината на кафулињата, но не е само до кафулињата, туку на социјалните мрежи има многу дезинформации, па дури и неверување дека вирусот постои. Ние сме на 10 километри од границата со Бугарија, има фреквенција, а Берово пак постојано има туристи, и не можеме вечно да бидеме имуни на вирусот, но мерките мора да се почитуваат“, објаснува Глигоровска.

Таа смета дека младите многу се опуштија, сметајќи дека лесно ќе се изборат со вирусот. Во Делчево вирусот се појави во август месец.

Надица Ефтимовска, епидемиолог од Делчево вели дека мора да има посериозно почитување на мерките кои ги наложија надлежните.

„Мерките делумно се почитуваат, а делумно не. Мора да има поголема дисциплина. Маски мора да се носат и да се одржува дистанца, но и да се избегнуваат собири, посета на угостителски објекти. Сега состојбата се смирува, на дневна основа нема голем број заразени“’, додава таа.

Состојбата е лоша и во Свети Николе.  Билјана Трајкова, епидемиолог од Велес кој ја следи состојбата во Свети Николе вели дека на почеток вирусот се прошири во конфекциите, а сега понатаму се шири меѓу населението

За 24 часа во Делчево има 4, во Кочани нови 9 заразени, а за разлика од нив Куманово, Велес  и Струга имаат само по 3 случаи. 

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава изнесува 2.626, а на хоспитализирани пациенти 366. Вкупно дијагностицирани се 18.873, а бројката на оздравени пациенти е 15.487. 

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили