05 Декември, 2025
0.0340

Голем резултат на малата банка! Како „Силк Роуд Банка“ ја зголеми добивката за 32 отсто?

Објавено во: Финансии 10 Април, 2025 14:22

Добивај вести на Viber

Нема да е претерано ако овој резултат се окарактеризира и како епски успех. Затоа што во минатата година во услови на силна конкуренција со поголемите и најголемите банки оваа банка успеала да го зголеми профитот за 32 отсто, а добивката изнесува 3,36 милиони евра

„Силк Роуд Банка“ зад себе има година за паметење. Растат сите клучни параметри кои продуцираат зголемување на добивката за 32 отсто во споредба со 2023 година. При тоа бележи силен раст на кредитирањето и веројатно највисок раст на вложувања во државни хартии од вредност, а воедно и енормно зголемување на депозитната база.

И овде особено треба да се има предвид фактот што оваа банка делува во сегментот на мали банки каде и конкуренцјата е најсилна, како од директната конкуренција така и од поголемите деловни банки.

Да почнеме со ред. Нето приходите од камати заедно со нето приходите од провизии и надоместоци и другите приходи изнесуваат вкупно 8,6 милиони евра во 2024 година. Од вкупните приходи на банката во форма на нето добивка лани останале 3,36 милиони евра. Тоа е 39 отсто од целиот нето приход на банката во минатата година. Со ова „Силк Роуд банка“ покажува дека нивото на профитабилност не е привилегија само на големите деловни банку туку дека такво ниво може да постигне и банка која има значајно повисок притисок од конкуренцијата.

Најголема ставка во структурата на приходите се нето приходите од камати. Тие за лани изнесуваат 6,2 милиони евра и се за 20 отсто повисоки од претходната споредбена година.

Од нето приходи од провизии и надоместоци банката заработила 1,52 милиони евра што е на исто ниво како и во 2023 година.

Иако најмала ставка најзначаен раст има на останатите приходи од дејноста. Тие се зголемени за 87 отсто во однос на 2023 година и лани изнесувале 891.000 евра.

Најголема трошковна ставка се трошоците за вработени и тие изнесувале 2,18 милиони евра. За резервации на ризични пласмани банката лани издвоила 536.000 евра што е за 34 отсто повеќе од претходната година.

Нето добивката на „Силк Роуд банка“ лани изнесува 3,36 милиони евра и е за 32 отсто поголема од 2023 година.

Што се однесува до кор-дејноста „Силк Роуд Банка“ лани ја подобрила значајно својата пазарна позиција во делот на пласмани на кредити. Имено на крај на декември лани кредитното портфолио изнесува 95 милиони евра што е раст за 8 отсто во период од една година.

Особен раст има на вложувањата на средства во хартии од вредност (пред се државни н.з.). Вложувањата на крај на 2024 година вредат 16,6 милиони евра што е за 120 отсто раст за период од една година.

Значаен раст има и кај депозитите што всушност и ја потврдува пазарната експанзија на „Силк роуд банка“. Тие лани пораснале за 22 отсто и достигнале 151,4 милиони евра. Тоа значи дека оваа банка успеала да прибере 27 милиони евра во текот на 2024 година. 

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката