ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА: Уапсени 31 лице во борбата против трговија со дрога и оружје
Објавено во: Свет 28 Декември, 2024
Шпанската полиција уапси 31 лице во голема акција против трговија со дрога и оружје, објавија денеска медиумите.
Криминалната организација која ја открија имала контакти во Колумбија, Панама и Португалија.
Во акцијата истовремено се запленети 3.800 килограми смола за производство на канабис и 278 килограми кокаин.
Властите заплениле и неколку возила, како и 500.000 евра во готовина.
Според шпанските медиуми, осомничените се уапсени во неколку градови, Хуелва, Севиља, Алхесирас, Гранада и Малага, објави Bfmtv.
A criminal gang was dismantled across Spain as police made 31 arrests and seized drugs, weapons and cash.https://t.co/SPuS4lDyxO pic.twitter.com/eC05AOGvzj
— Sky News (@SkyNews) December 28, 2024
Главната цел на организацијата била да шверцува кокаин и канабис од Западна Африка и Латинска Америка по морски и воздушен пат.
Шпанските полициски истражители соработувале со властите на Колумбија, Португалија, Панама, Обединетото Кралство и Европол во операцијата.
Фото: Притнскрин/Х