19 Декември, 2025
0.1255

Голема хуманитарна парада – маскарада во СП Тафталиџе

Објавено во: Мои пари 28 Март, 2014 12:45

Добивај вести на Viber

На 30 март (недела) во периодот помеѓу 12.00 и 14.00 часот на паркингот во СП Тафталиџе ќе се одржи голема хуманитарна парада на маски за децата од основните училишта во општина Карпош во организација на Скопски Пазар, Котиледон продукција и општина Карпош. На настанот ќе бидат присутни повеќе од 600 дечиња, од кои 100 ќе се претстават со своите креативни изработки и ќе се натпреваруваат за 1, 2 и 3-то место во две категории. Децата кои ќе дојдат на овој настан ќе добијат пакетче со пригодни подароци, ќе имаат можност да се забавуваат со Ивце Пивце, а ќе биде организирана и лотарија во која ќе учествуваат сите присутни. Стручното жири кое ќе ги одбере најкреативните маски ќе додели вредни награди за најдобрите три маски во категоријата најдобра поединечна маска и три награди во категоријата најдобра групна маска. „Ваквите настани се пример за начинот на којшто треба да соработуваат компаниите со локалната власт и образовните институции со цел да се поттикне креативноста кај децата и истовремено да се развива хуманоста од мали нозе со тоа што активно ќе се вклучуваат во активности кои допринесуваат за доброто на заедницата.“ – изјави Марија Тасиќ од одделот за маркетинг на Скопски Пазар. За учество на овој настан учесниците плаќаа по 100 денари и средствата кои се собрани ќе одат за социјални намени во општината, односно ќе бидат доделени на социјално загрозените семејства на територија на општина Карпош. Покрај овие средства, Скопски Пазар во соработка со своите добавувачи дополнително обезбеди за овие семејства пакети со производи во вредност од неколку илјади евра.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција