02 Јуни, 2023
0.0236

ГОЛЕМА ПАНИКА КАЈ АКЦИОНЕРИТЕ НА „РАДЕ КОНЧАР-АПАРАТНА ТЕХНИКА“ - како преку ноќ им „изгореа“ дури 400 илјади евра

Објавено во: Економија 27 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Голема паника завладеа кај акциоенрите на „Раде Кончар - апаратна техника“, дознава Фактор, бидејќи по паднатата судска пресуда за фирмата во која тие имаат 40 отсто, а која тежи најмалку еден милион евра, тоа за нив ќе значи голема загуба од близу 400 илјади евра.

За нештата да станат појасни, ќе објасниме зошто всушност се случува оваа паника. 

Компанијата „Раде Кончар Апаратна техника“, која е акционерско друштво и котира на Берзата, има влог од 40 отсто во Друштвото со ограничена одговорност „Раде Кончар Заеднички служби“. Оваа фирма „Раде Кончар заеднички служби“ неодамна изгуби судски процес тежок 600 илјади евра, а кој заедно со каматите достигнува минимум еден милиони евра. Тоа значи дека „Раде Кончар Апаратна техника“, која има 40 отсто во тоа ДОО, ќе има загуба од 400 илјади евра. 

За овој нов голем должнички товар, за кој веќе пишуваше Фактор, АД „Раде Кончар Апаратна техника“ веќе ги извести акционерите преку Берзата, и тоа денеска, иако, според наши извори, исходот од овој судски процес бил познат уште пред еден месец.

Од „Раде Кончар Апаратна техника“ уште и информираат дека тие ги објавиле своите финансиски извештаи уште пред да знаат дека друштвото во кое се изложени ќе го изгуби овој судски спор. Тоа значи дека загубата од овие 400 илјади евра ќе мора да се одрази врз нивните деловни резултати. Затоа од „Раде Кончар Апаратна техника“ известија дека штом ќе ги пресметаат деловните резултати согласно новонастанатата состојба, нив ќе ги објават на Берзата. 

Инаку, според претходниот Биланс на успех, „Раде Кончар-Апаратна техника“ имале лани добивка од 490 илјади евра. Овој деловен резултат го имале предвид нивните акционери, но сега тој ќе биде драстично полош, со оглед што на судска пресуда се изгубени 400 илјади евра.

Инаку, според информациите на Фактор, „Раде Кончар Заеднички служби“ е компанија која излегла како дел од некогашниот холдинг „Раде Кончар“, кој се поделил на неколку компании, меѓу кои „Раде Кончар ТЕП“, „Раде Кончар Апаратна техника“, „Раде Кончар Заенички служби“ и други. „Раде Кончар Заеднички служби“ всушност требало да биде услужна фирма за дурите компании од поранешниот холдинг, и да се грижи за снабдување со струја, вода и други услуги.

Но, поради, како што велат, неправилно однесување на управителот на таа фирма и оставање без струја дури 14 дена на една од компаниите, односно „Раде Кончар ТЕП“, со што оваа компанија изггубила голема зделка, таа започнува судски процес против „Раде Кончар Заеднички служби“, која сега се пресудува на нивна штета, па практично „Раде Кончар заеднички служби“ треба да платат сума од еден милион евра, односно 600 илјади евра главница и камати од 400 илјади евра.

 Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА БЕСИМИ - Поддршката за струјата ја плаќаат граѓаните

ХАЈРЕДИНИ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА БЕСИМИ - Поддршката за струјата ја плаќаат граѓаните

Посетата на Кина го врати Илон Маск на првото место на листата најбогати во светот

Посетата на Кина го врати Илон Маск на првото место на листата најбогати во светот

Бектеши најави колкаво поскапување на струјата се очекува

Бектеши најави колкаво поскапување на струјата се очекува

Бесими: Во преговори сме со американска државна банка да го финансира проектот на „Бехтел и Енка“

Бесими: Во преговори сме со американска државна банка да го финансира проектот на „Бехтел и Енка“

Бојан Маричиќ: ЕУ по втор пат прашува за „Бехтел и Енка“

Бојан Маричиќ: ЕУ по втор пат прашува за „Бехтел и Енка“

Поголемиот буџет донесе рекордни исплати за политичките партии

Поголемиот буџет донесе рекордни исплати за политичките партии

ОД ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА „ИЗВИРА“ ЛИТИУМ: Ќе отвораат рудници и ќе се зголемува производството на електрични возила

ОД ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА „ИЗВИРА“ ЛИТИУМ: Ќе отвораат рудници и ќе се зголемува производството на електрични возила

ПАДНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Загрижувачките вести од Кина го „срушија“ барелот

ПАДНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Загрижувачките вести од Кина го „срушија“ барелот

ПАДНАА ИНДЕКСИТЕ НА ВОЛСТРИТ: Инвеститорите стравуваат од зголемување на каматните стапки

ПАДНАА ИНДЕКСИТЕ НА ВОЛСТРИТ: Инвеститорите стравуваат од зголемување на каматните стапки