Големата банкарска тројка од камати инкасирала 30 милиони евра за едно тромесечје!
Објавено во: Финансии 15 Мај, 2014 08:48
„Во првото тримесечје од 2014 година беа издвоени исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа во износ од 2,3 милиони евра. Издвоените исправки соодветствуваат на структурата и на квалитетот на пласманите на Банката, посочуваат од банката.Во првото тримесечје од 2014 година, нето каматните приходи се повисоки за 15,5% во однос на истиот период претходната година. Приходите од камати се зголемени за 2,0%, во најголем дел поради зголемување на кредитното протфолио кај сегментот население, подобрување на квалитетот на кредитното протфолио и повисок износ на наплатени претходно отпишани камати. Расходите од камати се пониски за 13,6% што се должи на намалување на каматните стапки на депозитите соодветно на пазарните услови, пониски состојби на депозити од банки и обврски по кредити. Односно, според податоците од финансискиот извештај на банката 8,1 милион евра изнесуваат нето-приходите од камата во првите три месеци од годинава,додека лани изнесувале 7 милиони евра. Во анализата на структурата на нето-приходите од камати се гледа дека, приходите од камати во првите три месеци од годинава имаат раст изнесуваат 13,4 милиони евра, додека лани во истиот период изнесувале 13,1 милиони евра. Банката ги намалила расходите за камати, кои гоиднава изнесуваат 5,3 милиони евра, додека пак лани изнесувале 6,1 милиони евра. Први три месеци 2014 година 2013 година
- Приходи од камата 13,4 милиони евра 13,1 милиони евра
- Расходи од камата 5,3 милиони евра 6,1 милиони евра
- Нето-приходи од камата 8,1 милиони евра 7 милиони евра
„Приходите од провизии се зголемени за 7,0% како резултат на зголемување на обемот на работа што резултираше со остварени повисоки приходи од домашниот платен промет, од картичното работење и од услугите преку деловната мрежа на Банката. Расходите за провизии се повисоки за 13,6%, главно поради повисоки расходи од картично работење, од кеш центарот и домашниот платен промет, при пониски расходи по провизии за обврските по кредитните линии, “ објаснуваат од банката.Стопанска Банка - Скопје во добивка од 7 милиони евра Стопанска банка-Скопје во првите три месеци од годината има добивка од 7 милиони евра, за разлика од лани во истиот период кога добивката на оваа банка изнесувала 4,6 милиони евра. Банката има раст на приходите и од камата и од провизија. Па така , во финансискиот извештај кој се однесува на првото томесечје од годината, податоците покажуваат дека Стопанска банка остварила нето-приходи од камата во износ од 12,2 милиони евра, додека пак лани во истиот период нето-приходте на банката по овој основ изнесувале 11 милиони евра. Во структурата на нето-приходите се гледа дека годинава приходите од камата изнесувале 18,8 милиони евра, а приближно исто биле и претходната година во истиот период, односно тогаш изнесувале 18,7 милиони евра. Промени има кај расходите за камата, па така во првото тромесечје од годинава изнесуваат 6,5 милиони евра, доека лани во истиот период изнесувале 7,7 милиони евра. Први три месеци 2014 година 2013 година
- Приходи од камата 18,8 милиони евра 18,7 милиони евра
- Расходи за камата 6,5 милиони евра 7,7 милиони евра
- Нето-приходи од камата 12,3 милиони евра 11 милиони евра
„Поголемиот дел од евидентираното оштетување се однесува на имот преземен по 01.01 .2010 година , кое согласно регулативата на НБРМ, банката е должана да го признае до 01.01 2014 годфина, додека остатокот е загуба за оштетување по основ на продажба на одземениот имот и по основ на препороценка. Согласно заклучокот на Одборот за управување со ризици вкупното оштетување на имотот е евидентирано во два еднакви износи на 31.12 2013 година и на 01.01 2014 година за да се намали финансисиот товар од вкупното оштетување кое досепава на 01.01 2014 година, стои во образложението на банката.Лани пак во истиот период банката беше во минус од 6 милиони евра. Сепак во објаснувањето на финансискиот извештај од банката посочуваат дека остварената добивка пред исправка на вредност е за 6,5% пониска во однос на минатата година што се должи на остварената нето-нереализирана загуба од вреднување на хартиите од вредност, помал износ на реализирани позитивни курсни разлики и намалени нето-приходи од провизии, но клучно за негативните резултати останува загубата за оштетување на пеземен имотот. Нето приходите од камати имаат мало зголемување, а благ пад има кај нето-приходите од провизии. Комерцијална банка има благ раст на нето–приходите од камата, што е основна компонента на приходната страна на банката. Односно, податоците покажуваат дека во првото тромесечје од годината има раст за 4,9%, споредено со истиот период минатата година и покрај намалувањето на активните и пасивните каматни стапки почнувајки од годинава. Анализата на структурата на на нето–приходите од камата пак укажува на тоа дека има благ пад кај приходите од камата кои во првите три месеци од годината изнесуваат 15,3 милиони евра, додека лани во истиот период изнесувале 16 милиони евра. А, има намалување на расходите за камата кои во првите три месеци од годината изнесуваат 4,5 милиони евра, за разлика од лани коига изнесувале 5,7 милиони евра. Односно во првите три месеци од годината нето-приходите од камата изнесуваат 10,8 милиони евра, за разлика од лани кога изнесувале 10,3 милиони евра. Први три месеци 2014 година 2013 година
- Приходи од камата 15,3 милиони евра 16 милиони евра
- Расходи за камата 4,5 милиони евра 5,7 милиони евра
- Нето-приходи од камата 10,8 милиони евра 10,3 милиони евра
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





