ГОЛЕМИТЕ ДРЖАТ ЛЕКЦИИ ПО ПРОФИТАБИЛНОСТ - Стопанска банка Скопје со нето добивка од над 40 милиони евра во првите девет месеци
Објавено во: Финансии 27 Октомври, 2023
Уште една од големите системски банки во земјава, Стопанска банка Скопје, покажува дека знае како се држат лекции по успешно банкарско работење.
Во првите девет месеци од годинава Стопанска банка Скопје остварила чист профит од 40,3 милиони евра, покажува неревидираниот Биланс на успех на оваа наша најстара банка, што е раст за седум милиони евра во однос на истиот период лани, кога нето добивката на банката тежела 33,5 милиони евра.
И кај оваа банка најголемиот односно лавовскиот дел од профитабилноста се должи на нето приходите од камати, кои, пак, се разликата меѓу каматите на кредитите кои ги дава банката, со каматите на депозитите кои банката ги чува кај себе. Се разбира, треба да се има предвид дека голем дел од нето приходите од камати банките ги остваруваат и како резултат на инвестирањето во државните хартии од вредност, односно државните записи и обврзници.
Во првите три квартали од годинава Стопанска банка Битола од нето приходи од камати инкасирала фантастични 68 милиони евра, што е убедливо најсилната ставка на профитната страна, додека, пак, во истиот период лани, кога од нето приходи од камати се остврени околу 50 милиони евра, што значи дека само кај овој приход имаме зголемување за 18 милиони евра.
Во своето образложение кое го дале до Берзата, од Стопанска банка Скопје велат дека нето приходите од камати се зголемени како резултат на зголемените кредитни активности и зголеменото кредитно портфолио на банката, пораст на ликвидносната позиција и трендот на раст на каматните стапки.
Кога станува збор за нето приходите од провизии и надоместоци, од нив банката во првите три квартали од годинава остварил приходи од нешто повеќе од 10 милиони евра, и тука имаме намалување во однос на истиот период лани.
„Нето-приходите од провизии и надоместоци, пак, се намалени за 5 отсто во однос на анализираниот период во 2022 година, што се должи на зголемени расходи од провизии поради повисоките трошоци на Банката за обезбедување на овие услуги, пред сè во делот на платните и картичните трансакции“, напишале од банката во своето образложение.
Нето-приходите од курсни разлики забележаа намалување од 8 отсто.
Кога станува збор за расходната страна, кај банката има зголемување на исправките на вредноста, односно резервциите за лошите кредити, и за таа ставка банката има направено расход од над 15 милиони евра, што е за околу 50 проценти повисока сума во однос на минатата година.
„Во анализираниот период, врз основа на прудентниот пристап во управувањето со
ризиците, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна
резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 940.488 илјади денари“, објаснуваат од Стопанска банка Скопје.
Банката има зголемување и кај трошоците за вработените, односно потрошила 12,4 милиони евра, што е зголемување во однос на истиот период лани.
Од банката велат дека и покрај инфлаторните притисоци и растот на цените, успеале да ги ограничат оперативните трошоци од работењето и да ги одржат на релативно стабилно ниво, и тие биле на ниво од 12,4 милиони евра.
Како резултат на сето наведено, велат од Стопанска банка Склопје, остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 3.694.344 илјади денари или околу 60 милиони евра, што значи зголемување за 27 отсто во однос на истиот период од минатата година. Добивката пред оданочување изнесува 2.753.856 илјади денари или околу 45 милиони евра.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.