Големо викенд уживање за сите деца и родители на 7-от Саем за деца
Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2016 11:28
Забава, дружење, спортски активности, учење на креативни занаети, создавање на уметност, низ игра до насмевка, шоу со рептили, музичко шоу со Златно Славејче и многу маскоти, се само некои од активностите кои ќе бидат вистинско изненадување за сите деца и родители овој викенд во Скопје.
Традиционалниот Саем за Деца кој од петок (13-ти мај) до недела (15-ти мај) ќе се одржи во Скопје Сити Мол ќе ги обедини детската среќа, креативноста, забавата за целото семејство, дружењето, играта, интерактивните игри за децата да се доближат до докторите, интересните турнири во кошарка, хокеј, Lego,PS4, X-Box, боење на лица, дружење со кловнови, пантомимичари и аниматори на штули, jungle gym, арт работилниците, како и подароците. Програмата ќе се одвива низ текот на целиот ден, започнувајќи од 12ч. и ќе траат се до 20ч.
Заразните детски насмевки, веселите семејства и пријатниот детски џагор и големите попусти се сигурната гаранција која ќе ја понуди 7-от по ред Саем за Деца, кој од издание во издание е сè помасовен, позабавен, поразигран и уникатен во нашиот главен град.
Сите семејства освен големата забава, наградните игри и изненадувањата кои ќе бидат откриени за време на настанот, ќе имаат шанса да уживаат во големите попусти за време на 7-от Саем за Деца и Родители и до 50 отсто во продавниците за детска облека, производи и играчки.
Повеќе за програмата и попустите можете да дознаете на официјалната страница на Скопје Сити Мол:http://skopjecitymall.mk/saem-za-deca/.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“







