„ГОРД СУМ ШТО СУМ АМЕРИКАНЕЦ“: Гласаа и астронаутите на НАСА од Вселената
Објавено во: Свет 05 Ноември, 2024
Гласаа и астронаутите на НАСА од Вселената.
Астронаутите Буч Вилмор, Сани Вилијамс и Дон Петит гласаа на претседателските избори од Меѓународната вселенска станица, јавува Си-Ен-Ен.
Астронаутите на НАСА објавија фотографија на Инстаграм облечени во патриотски чорапи. На чорапите на двајцата астронаути пишувало „Горд што сум Американец“.
Гласачките ливчиња во вселената се емитуваат на Земјата на ист начин како што повеќето податоци се пренесуваат помеѓу вселенската станица и контролата на мисијата – преку вселенската мрежа на НАСА, констелација на сателити во вселената кои комуницираат со антени на нашата планета. Aмериканските бираат меѓу Доналд Трамп и Камала Харис.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.