29 Јуни, 2024
0.0440

Горна Македонија и Охридска Архиепископија се најсериозни предлози, тврдат грчки медиуми

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкиот веб сајт Iefimerida објави дека Горна Македонија е досега најсериозен предлог за решавање на спорот за разликите околу името и е наводно најприфатливо решение кое било разгледано од страна на Грција и Македонија. Горна Македонија е еден од петте предлози од страна на медијаторот Метју Нимиц, па така грчкиот медиум информира дека варијациите би биле GornaMakedonija на латиница со што ќе се спречи употреба на терминот Macedonia во меѓународните односи. Наводно грчката страна исто така се залагала зборот да се изговара и пушува споено.

За да има конечен договор Iefimerida тврди дека ќе има промена на Уставот на Република Македонија за прифаќање на барањето на Грција за внатрешна употреба на новото име со кое треба да се стави крај на како што тие сметаат иредентизмот.

Во решението би влегла и Македонската православна црква која и е трн во око на Грчката црква од каде нема достоинствен однос кој би требало да е вообичаен за православни браќа. Наводно за да не се комплицираат состојбите МПЦ ќе се нарекува едноставно Охридска Архиепископија што значи дека ќе биде принудена да се откаже од термиот „Македонска црква“.

Ова се само информации на еден грчки медиум кој се повикува на анонимни дипломатски извори без конкретно дадени изјави, па можно е да станува збор и сосема друга состојба меѓу двете влади кои се во интезивни преговори или пак обид да му се помогне на премиерот Ципрас да се тргне јавниот притисок врз него со обвинувањата дека е предавник на „Грчка Македонија“. 

Засега од македонската Влада се уште нема јавно истакнат став за петте предлози на Нимиц освен што беше извршена консултација на државно ниво со сите политички фактори во земјава за тоа како ќе продолжи процесот на решавање на спорот. 

Слично е и со официјална Атина, односно владата нема конкретена изјава за договорено ново име и што се ќе содржи тој пакет, туку само се посочуваат задржаните грчки позиции како и најавата дека министерот за надворешни работи Коѕијас ќе ни ја предаде грчката изработена спогодба во која ќе има четири точки за решавање на целиот спор вклучувајќи го иредентизмот и идентитетските прашања.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

Александар Јанев избран за нов директор на Биро за јавна безбедност

Александар Јанев избран за нов директор на Биро за јавна безбедност