Госпоѓа Варуфакис го заштитила сопругот од напад на анархисти
Објавено во: Балкан 29 Април, 2015 11:05
Група на самонаречени анархисти го нападнала грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во атинскиот ресторан вчера вечерта, но неговата сопруга со прегратка го заштитила од повреди, објави грчкото министерство за финансии.
Двојката само што завршила со вечера во боемскиот атински кварт Егзархија, место на чести протести од страна на радикални левичари, кога на терасата од ресторанот ги заобиколила група на анархисти. Варуфакис почнале да го гаѓаат со стаклени предмети, но сопругата го прегрнала и спасила.
„Се обидуваа неколку моменти да ме дофатат така што да не ја погодат неа“, изјавил Варуфакис. „Тогаш се повлекоа, но продолжија да пцујат и да ни се закануваат, и не пречекаа пред ресторанот“, додал тој.
Во соопштението на грчкото министерство за финансии не се наведува што го поттикнало нападот. Варуфакис мисли дека групата повеќе сакала да го засрами отколку да го повреди.
„Пред ресторанот почнав да разговарам со нив, им реков дека сакам да слушнам што имаат да ми кажат па дури и да ме ударат. После 15 минути напнатни, но ненасилни разговори духовите се смириле“, рекол Варуфакис, кој потоа со сопругата седнал на својот мотоцикл и си заминал дома.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




