ГРАД СКОПЈЕ ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2024
Град Скопје ја поздрави одлуката на Владата да му даде нафта на ЈСП „Скопје“ од државните резерви.
Постапката на Владата, од Град Скопје велат дека треба да ја следат и од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и да ги донесе одлуките во Советот на град Скопје што се неопходни за подобрување на состојбите во јавниот превоз.
„Секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает“, се вели во соопштението што попладнево стигна од Град Скопје и во кое се поздравува владината одлука со која се овозможува на градските власти да им се дадат на заем дел од државните нафтени резерви.
Од Град Скопје велат дека доколку јавниот интерес е на прво место можно е конструктивно да се делува во интерес на граѓаните.
Сепак, оттаму ја потсетуваат Владата дека сè уште има долг кон ЈСП „Скопје“ со кој велат дека би се стабилизирала во целост состојбата во претпријатието.
„Потсетуваме дека Владата се уште има долг од 500 милиони денари кон ЈСП Скопје за студентскипт стандард и бесплатниот студентски превоз, со кои ќе се стабилизира во целост состојбата во претпријатието“, додаваат од Град Скопје.
Постапката на Владата, од Град Скопје велат дека треба да ја следат и од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и да ги донесе одлуките во Советот на град Скопје што се неопходни за подобрување на состојбите во јавниот превоз.
Во соопштението се упатува апел, на следната седница на Советот на Град Скопје, советниците да дозволат набавка на нови автобуси за ЈСП „Скопје“, но и за отпочнување на реализација на проектот за БРТ со кој е предвидено набавка на дополнителни 60 автобуси.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.