ПЕТРУШЕВСКИ ЗА АПАСИЕВ: Не смее да се паѓа на провокации кои се единствена алатка на ограничени и нецивилизирани умови
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2024
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека насилството е работа која Левица ја посакува во недостиг на нормална дискусија и аргументи. Додава дека и народот и пратениците не треба да наседнуваат на тоа.
„Ова е договор меѓу Левица, СДС и ДУИ. Да се одвлекува внимание од суштински работи и аргументирана дискусија. Ова е план на Левица со СДС и ДУИ за провоцирање во недостаток на аргументи за да можат да спинуваат. Такви беа првите пратенички прашања, така и сега. Не смее да се паѓа на провокации кои се единствена алатка на ограничени и нецивилизирани умови“, изјави Петрушевски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.