17 Октомври, 2024
0.0299

Град Скопје откако беше одбиен за проекти од унгарскиот кредит: Секташка ментална состојба на Владата и Мицкоски

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Проекти на Град Скопје под раководство на Данела Арсовска се одбиени за финансирање од делот од 250 милиони евра во рамки на унгарскиот кредит, по што од таму возвратија попладнево со реакција, обвинувајќи ја за тоа Владата и премиерот Христијан Мицкоски.

„Одлуката на Владата на Р.Македонија да не додели средства за проектите за кои аплицираше градот Скопје уште еднаш ја потврдува секташката ментална состојба на владата предводена од Христијан Мицкоски. Со оваа одлука докажа дека неговата суета е поважна од било која потреба на граѓаните, а со неистомислениците се пресметува со сегрегација и политички прогон, докажувајќи дека нема никаков демократски ни лидерски капацитет.

Спротивно на ветувањата дека од средствата од унгарскиот кредит ќе се финансираат проекти во сите општини, без разлика на политичката определба на раководствата на локалните самоуправи, со вчерашната одлука се потврди за неточна. Единствено се потврди очекуваното секташко однесување на Мицкоски кое е насочено кон пресметки со неистомислениците и за кој државата,  граѓаните и нивните потреби се очигледно на последно место“, реагираат од Град Скопје.

Од таму додаваат дека Општина Гостивар добила 2.7 милиони евра за проекти иако должи преку 108 милиони евра потрошени од буџетот, додека градот Скопје не добива ниту еден проект иако аплицираше со 20 проекти.

„Мицкоски никогаш немал намера да се грижи за потребите на граѓаните и проектите кои се важни за нив. Единствена грижа на овој човек е обезбедување на поголема власт за да може да ги реализира своите планови и преку своите општини да извлекува средства.

За потсетување Град Скопје достави проекти согласно објавениот јавен повик на Владата за поддршка на општините, со цел унапредување на квалитетот на живот на жителите на Скопје.

Над 20те поднесени проекти се со фокус на подобрување на јавниот превоз, развој на градската патна инфраструктура, противпожарната заштита, јавната хигиена, информациски технологии и дигитализација, како и од областа на културата.

Во сферата на урбанизмот и развој на патната инфраструктура, се аплицираше со проекти за реконструкција на улица Беласица, изградба на булевар Македонско Косовска Бригада од раскрсница со булевар Никола Карев до раскрсница со булевар Босна и Херцеговина, кружен тек на улица Ѓорче Петров со булевар Македонска војска, изградба на кружен тек на булевар Александар Македонски, изградба на кружни текови на булевар 12-та Македонска бригада, реконструкција на булевар Србија и проект за обнова на градежната механизација.

Во областа сообраќај, Град Скопје поднесе проекти за 80 еколошки ЦНГ автобуси и 15 електрични автобуси. Во областа на противпожарната заштита, се аплицираше за обезбедување нови противпожарни возила.

Од областа на комуналните дејности, Град Скопје поднесе проекти за зајакнување на капацитетите на јавните претпријатија Комунална хигиена и Паркови и зеленило, како и за реконструкција на стакленици за производство на садници. За секторот култура и спорт, се поднесоа апликации со проекти за реконструкција на планетариумот и изведба и поставување на трим тартан атлетска патека по должината на кејот на реката Вардар. 

Со цел имплементирање повисок степен на дигитализација и информациски технологии во Град Скопје се поднесе проект за LoRaWAN инфраструктура, како и за систем за паметно мерење и управување со електрична енергија“, објаснуваат од градската управа.


Можеби ќе ве интересира

Максим Димитриевски: Основач сум на фирма во Бугарија, но нема приходи

Максим Димитриевски: Основач сум на фирма во Бугарија, но нема приходи

Се огласи МАНУ: Никаде во светот не постојат две научни академии

Се огласи МАНУ: Никаде во светот не постојат две научни академии

САКАЛЕ ДА ПОЛОЖАТ ЦВЕЌЕ: Македонците во Бугарија добија забрана за одбележување на Кресненското востание

САКАЛЕ ДА ПОЛОЖАТ ЦВЕЌЕ: Македонците во Бугарија добија забрана за одбележување на Кресненското востание

МАЈКАТА ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА: Баба влегла на час и недолично се однесувала со внукот

МАЈКАТА ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА: Баба влегла на час и недолично се однесувала со внукот

Мицкоски: На новиот директор на АНБ му бил одземен, ама потоа му е вратен безбедносниот сертификат

Мицкоски: На новиот директор на АНБ му бил одземен, ама потоа му е вратен безбедносниот сертификат

Во недела стартува „КАЖИ ШИФРА“- следете нè со новиот подкаст на Женски магазин

Во недела стартува „КАЖИ ШИФРА“- следете нè со новиот подкаст на Женски магазин

„МИНИСТЕРОТ НЕ БРКА ОД РАБОТА“: Таравари очекува директорите на клиниките да преземат мерки против лекарите

„МИНИСТЕРОТ НЕ БРКА ОД РАБОТА“: Таравари очекува директорите на клиниките да преземат мерки против лекарите

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО ОХРИД И ТЕТОВО, ПРЕТРЕСИ И ПРИВЕДЕНИ, ЕВЕ КАКО СЕ ОТКРИЕНИ - што ловат органите на прогонот

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО ОХРИД И ТЕТОВО, ПРЕТРЕСИ И ПРИВЕДЕНИ, ЕВЕ КАКО СЕ ОТКРИЕНИ - што ловат органите на прогонот

ИНТЕНЗИВНО СЕ БАРААТ ПРИЧИНИТЕ ЗА КОБНАТА НЕСРЕЌА ВО ВЕЛЕС: ОЈО го зема комбето на вештачење

ИНТЕНЗИВНО СЕ БАРААТ ПРИЧИНИТЕ ЗА КОБНАТА НЕСРЕЌА ВО ВЕЛЕС: ОЈО го зема комбето на вештачење