17 Октомври, 2024
0.0290

Мицкоски: На новиот директор на АНБ му бил одземен, ама потоа му е вратен безбедносниот сертификат

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред медиумите рече дека на новоназначениот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан христовски, му била нанесена неправда со тоа што му бил одземен безбедносниот сертификат.

Му бил одземен, но сега му е вратен, вели Мицкоски, кој смета дека Христовски не е партиски избор за оваа сензитивна функција.

-Христовски доби безбедносен сертификат и не гледам причина зошто човекот кој што го поминува речиси цeлиот работен век во безбедносниот сектор, да не ја извршува успешно челната позиција во АНБ. Има доста уплашени структури и има за што да се плашат, а се дел од поранешната власт. Во периодот што следи ќе ја дознаете вистината. - Христијан Мицкоски – Претседател на владата.

Од опозициската СДСМ пак, побараа Христовски да биде разрешен и обвинија дека власта според нив, спроведува опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност, бидејќи бил претседател на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. 

Порачаа дека за владината одлука ќе ги информираат стратешките партнери на земјава. односно земјите членки на НАТО преку нивните амбасасади како и Европската комисија.

Христовски доаѓа на местото на разрешениот Зарко Милошевски во АНБ. Тој има искуство долги години во безбедносните институции. Кратко време беше директор на градското претпријатие „Паркинзи Скопје“, а на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи. 


Можеби ќе ве интересира

Максим Димитриевски: Основач сум на фирма во Бугарија, но нема приходи

Максим Димитриевски: Основач сум на фирма во Бугарија, но нема приходи

Се огласи МАНУ: Никаде во светот не постојат две научни академии

Се огласи МАНУ: Никаде во светот не постојат две научни академии

САКАЛЕ ДА ПОЛОЖАТ ЦВЕЌЕ: Македонците во Бугарија добија забрана за одбележување на Кресненското востание

САКАЛЕ ДА ПОЛОЖАТ ЦВЕЌЕ: Македонците во Бугарија добија забрана за одбележување на Кресненското востание

МАЈКАТА ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА: Баба влегла на час и недолично се однесувала со внукот

МАЈКАТА ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА: Баба влегла на час и недолично се однесувала со внукот

Град Скопје откако беше одбиен за проекти од унгарскиот кредит: Секташка ментална состојба на Владата и Мицкоски

Град Скопје откако беше одбиен за проекти од унгарскиот кредит: Секташка ментална состојба на Владата и Мицкоски

Во недела стартува „КАЖИ ШИФРА“- следете нè со новиот подкаст на Женски магазин

Во недела стартува „КАЖИ ШИФРА“- следете нè со новиот подкаст на Женски магазин

„МИНИСТЕРОТ НЕ БРКА ОД РАБОТА“: Таравари очекува директорите на клиниките да преземат мерки против лекарите

„МИНИСТЕРОТ НЕ БРКА ОД РАБОТА“: Таравари очекува директорите на клиниките да преземат мерки против лекарите

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО ОХРИД И ТЕТОВО, ПРЕТРЕСИ И ПРИВЕДЕНИ, ЕВЕ КАКО СЕ ОТКРИЕНИ - што ловат органите на прогонот

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО ОХРИД И ТЕТОВО, ПРЕТРЕСИ И ПРИВЕДЕНИ, ЕВЕ КАКО СЕ ОТКРИЕНИ - што ловат органите на прогонот

ИНТЕНЗИВНО СЕ БАРААТ ПРИЧИНИТЕ ЗА КОБНАТА НЕСРЕЌА ВО ВЕЛЕС: ОЈО го зема комбето на вештачење

ИНТЕНЗИВНО СЕ БАРААТ ПРИЧИНИТЕ ЗА КОБНАТА НЕСРЕЌА ВО ВЕЛЕС: ОЈО го зема комбето на вештачење